Антонио Кошта во тридневна посета на Бразил - Канал 5

Антонио Кошта во тридневна посета на Бразил

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до четврток ќе престојува во посета на Бразил, со цел зајакнување на европско-бразилското партнерството и започнување на инвестицискиот дијалог. 

Антонио Кошта во тридневна посета на Бразил

- Бразил не е само близок пријател, туку е и стратешки партнер за ЕУ. Тој е глобален играч и наш клучен сојузник во промовирање на демократијата, мултилатерализмот и обликувањето на поправеден и поодржлив свет. Во време кога овие вредности се оспоруваат глобално, уште поважно е страни како Бразил и Европската Унија да се здружат за да нивно почитување, изјави Кошта во пресрет на посетата.

Тој оцени дека оваа негова посета е можност за продлабочување на соработка меѓу ЕУ и Бразил и за понатамошно заедничко работење на амбициозна глобална агенда што ќе им користи и на луѓето и на Планетата.

- Заедно, инвестираме во доверба, одржливост и меѓународен поредок вкоренет во соработка, а не во конфронтација, истакна Кошта.

За време на престојот во Бразилија, Кошта ќе се сретне со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва. Како што соопшти Европскиот совет, на средбата со Лула да Силва, Кошта ќе се фокусира на зајакнување на политичката, економската и секторската соработка, особено во пресрет на претстојното претседателство на Бразил со КОП30.

- Двајцата претседатели ќе разменат мислења за нивните билатерални и глобални приоритети, вклучувајќи ги климатските промени, трговијата, зелените и дигиталните транзиции и ретките суровини. Тие, исто така, ќе разговараат и за глобалниот геополитички контекст и за тоа како да се максимизираат придобивките од Договорот ЕУ-Меркосур, се наведува во најавата.

Од Бразилија, Кошта ќе отпатува за Сао Паоло, каде ќе има воведно обраќање на првиот Инвестициски форум ЕУ-Бразил, со што и формално ќе започне билатералниот дијалог за инвестиции. Дијалогот, според најавите, ќе поддржи инвестиции со високи стандарди и одржливост и дополнително ќе ги зајакне економските врски меѓу Бразил и ЕУ.

- Посетата доаѓа во клучен момент за односите ЕУ-Бразил, бидејќи двата партнера се стремат да ги унапредат заедничките приоритети за климатската акција, дигиталната трансформација, одржлив развој и глобално управување, како и да ги зајакнат политичките и економските врски на високо ниво. Во време кога билатералните односи се соочуваат со растечки тензии, а мултилатерализмот е под притисок, посетата ќе ја истакне посветеноста на ЕУ кон амбициозно и напредно стратешко партнерство со Бразил, поткрепено со силни политички врски, робусна економска соработка и заедничка посветеност за заедничко справување со глобалните предизвици, се додава во најавата.

Бразил од 2007 година има статус на стратешки партнер на ЕУ. ЕУ е втор по големина трговски партнер на Бразил и негов најголем странски инвеститор, со над 300 милијарди евра. Односите меѓу ЕУ и Бразил добија нова динамика преку обнова на претходно започнатите, но и нови политички и секторски дијалози за климата, енергијата, дигиталната трансформација, безбедноста и јавното здравје, откако Лула да Силва одново ја презеде претседателслата функцијата во 2023 година. Дополнителен импулс на меѓусебните односи даде и завршувањето на преговорите за Договорот ЕУ-Меркосур во декември 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Ден пред првообвинетиот за случајот „Пулс“ Дејан Јованов Деко да излезе од притвор, против него е отворена нова истрага, овој пат за давање поткуп.

 Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за него за кривично дело - давање поткуп.

Тој се сомничи дека дал поткуп на службено лице во министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови.

Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО ГОК, од каде соопштуваат дека службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка..

Јованов утре требаше да излезе од притвор за случајот Пулс, зашто според законот, тој во притвор може да остане најмногу една година од оценката на обвинението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер