3ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветАнтивладините протести во Словачка поради судските реформи на Фицо се интензивираатИлјадници луѓе во Словачка синоќа повторно протестираа против владата на левичарскиот популистички премиер Роберт Фицо, кој е на функција од крајот на октомври.Организаторите изјавија дека околу 30.000 луѓе се собрале само во главниот град Братислава. Неколку илјади луѓе се одзваа и на повикот на три опозициски партии во 30 други градови низ државата. Ако бројките се точни, синоќешните демонстрации веројатно се најголемите досега во бранот протести на опозицијата што почнаа во декември, пренесува ДПА. Демонстрантите носеа транспаренти со пароли „Фицо е зло за Словачка“, „Фицо оди во Русија!“ и „Срам за мафијашката влада на Фицо!“ Помали собири на солидарност се одржаа и во Брисел, Прага, Париз и други европски градови. Протестите, организирани од две либерални и една конзервативна опозициска партија, првенствено беа насочени против планираната судска реформа за која моментално се расправа во парламентот во Братислава. Еден од најконтроверзните елементи на реформата е планираното укинување на специјалното обвинителство УСП, кое е одговорно за организиран криминал и политички криминал. Трипартискиот кабинет на чело со Фицо сака да го распушти обвинителството бидејќи е премногу „политизирано“. Опозицијата предупреди дека е доведено во прашање владеењето на правото и ја обвини владата дека се обидува да ги прикрие случаите на корупција на високо ниво од претходните влади на партијата Фицо до 2020 година. Планот предизвика критики и од Европската комисија и Европскиот парламент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругатаПедесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5... Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд. Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба... Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка... Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапатВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано. Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter