Антиќ за сајтот на федерацијата: „Се трудиме да обезбедиме што повеќе клубови да излезат на меѓународна сцена“ - Канал 5

Антиќ за сајтот на федерацијата: „Се трудиме да обезбедиме што повеќе клубови да излезат на меѓународна сцена“

Пандемијата со COVID-19 го парализира планетарниот спорт, па и кошаркарската активност во Македонија не беше исклучок.

Антиќ за сајтот на федерацијата: „Се трудиме да обезбедиме што повеќе клубови да излезат на меѓународна сцена“

По скоро цели три месеци пауза, сè уште нема јасен датум на кој властите ќе дозволат продолжување на кошаркарските активности, тренинзи и играње на натпревари, па раководството на КФСМ беше принудено да донесе една од најтешките одлуки во историјата на нејзиното постоење.

Управниот одбор изгласа, а Федерацијата прифати крај на шампионатот во Првата лига, без да се прогласи првак, што е прв таков случај од осамостојувањето на Македонија.

Најмногу на удар по ваквата одлука беше претседателот Перо Антиќ кој првпат по нејзиното донесување, во едно одвоено интервју, ги изнесува своите, и ставовите на раководниот стожер на КФСМ.

Неодамна заврши и првата година од мандатот на новото раководство кое седна на ’жешкото столче’ ланскиот мај. Како Перо Антиќ ги коментира последните 366 дена?

„Има многу позитивни работи кои ги направивме во оваа година и покрај тоа што немавме среќа, па последните три месеци, како и сите, речиси не функционираме поради кризата со корона вирусот. Знаевме дека ќе биде тешко иако, да бидам искрен, не до толку.Федерацијата ја преземавме во многу лоша состојба, но тоа беше уште поголем предизвик и за мене и за соработниците. Повеќе од 80% од планираната програма е завршена, останаа уште некои работи кои моравме да ги запреме или блокираме поради пандемијата со корона вирусот.Уште, што се вели, практично и не почнавме со работа, нè снајде проблемот со АВ Охрид кој го откажа своето учество во лигата. Сето тоа на само една недела пред почетокот на сезоната. Моравме да бараме други решенија, да одлучиме колку екипи ќе играат во Првата лига, имавме притисоци од сите страни, но останавме доследни на себе и на своите ставови.

Успеавме во Македонија да донесеме голем број врвни тренерски имиња, од Октај Махмути, Душан Ивковиќ, се договараме и со Жељко Обрадовиќ, ќе дојде и директорот на Јуниор НБА, Џеремаја Босвел, планираме индивидуални тренинзи со посредство на нашиот стручњак Ефтим Богоев кој работи во САД.

Тие што се во кошарката добро знаат што сме направиле и дали е тоа лошо или не. Секогаш ќе има опозиција, секогаш ќе има негативни коментари, тоа е составен дел од ова општество. Ние знаеме со што и против кого се бориме, но си ја гледаме својата работа и засега сме задоволни.

Се што имаме ќе презентираме на годишното Собрание кога ќе имаме можност да го организираме. Сега тоа не е можно, забранети се собири во затворен простор, па ќе почекаме некои подобри времиња за да дадеме отчет за сработеното во првата година од мандатот“ – вели првиот човек на федерацијата.

Се донесе одлука да се прекине првенството во Првата лига мажи, без испаѓање во понизок ранг. Одлуката наиде на остри критики од страна на ланскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

„МЗТ Скопје треба да сфати дека ова е тимски спорт и дека не е сам во лигата. Тој е клуб со најдобри услови за работа и најдобри резултати последните години, тоа јас не можам да го негирам. Со години е единствен што нè претставува во меѓународните натпреварувања, а учеството во АБА лигата го сметам за многу важен елемент, во период кога Евролигата или ФИБА се недостижни за нас.Но, мора да се знае дека во лигата постојат и Вардар и Академија ФМП и Пелистер и други, и кон сите треба да имаме ист однос. Сите да имаат исти обврски и исти привилегии. Федерацијата без клубови не може, клубовите без федерација не можат. Тоа е јасно, и го кажав тоа уште кога ја презедов функцијата.

МЗТ Скопје ги има сите бенефиции како да ја освоил титулата, иако првенството не е ни 50% одиграно, ни според натпреварите, ни според периодот на играње. Не се поминати седум, туку речиси четири месеци и 17 кола. Прво сакаа да се добие шампион надвор од терен, па кога не добија поддршка, предложија да се доигра остатокот од сезоната. Тоа не е возможно бидејќи странските кошаркари не се во земјава и не постојат услови да се вратат. Побараа да се воведе дополнителен преоден рок, но тоа не беше возможно, токму бидејќи сите сме еднакви и не може правилата да се менуваат на кого како ќе му текне.

Купот не се одигра, за да и се даде приоритет на репрезентацијата. Тогаш не претпоставувавме дека ќе излезе овој сериозне проблем со пандемихата на корона вирусот. Но му излеговме во пресрет и на МЗТ Скопје кој во тој период имаше важни натпревари во АБА 2. Дури дозволивме тренери од МЗТ да не отпатуваат со националниот тим во Перм на дуелот со Русија, за да се подготват за дуелите во АБА 2.Но, тоа е начинот на кој треба да се работи, да си помагаме едни на други за да излеземе посилни, а од тоа ќе има корист македонската кошарка. Ние така во 2011 година го освоивме четвртото место на Европското првенство во Литванија. Немавме голем буџет, немавме ѕвезди, но функциониравме како еден-тимски“.

За Втората лига рековте дека постои опција да се доиграат натпреварите по скратен систем како би се одлучиле најдобрите. Што се случува во тој поглед?

„Планот беше до крајот на јуни да се доигра Втората лига во изменет формат кој требаше да го дефинираме заедно со претставниците на клубовите и претседателот на Здружението. За жал, последните денови е драстично влошена состојбата со корона вирусот во земјава поради што сметам дека ќе биде многу тешко да се добие епилог на теренот.

Ќе треба да се најде друго решение, евентуално двете првопласирани екипи од лигите да влезат во Прва лига, но ништо во моментов не е сигурно. Дополнително ќе разговараме на таа тема“ – објаснува Антиќ и додава:

„Сличен е случајот и со младинските лиги, сакавме да играат преку летото за да не се почувствува долгата пауза кај младите кошаркари во оваа фаза од нивните кариери. Таму настапуваат само домашни играчи и ваквата ситуација може да биде хендикеп на долг рок. Федерацијата имаше план како работно да го поминеме летото, но сега сето тоа паѓа во вода затоа што постојано ги следиме препораките на здравствените работници. Требаше да се играат турнири. Требаше ’децата’ да работат индивидуално, салата во СРЦ Кале е наша, но и таа е затворена за групни тренинзи. Ќе се обидеме да им обезбедиме барем по двајца да работат во еден термин. Ако треба и 24 часа салата нека биде зафатена, само репрезентативците да немаат пауза, секако и другите кошаркари.

Истото важи и за сениорската репрезентација. Националниот тим требаше да се собере затоа што ноемврискиот прозорец на ФИБА најверојатно ќе биде поместен и практично, сениорите ќе бидат без собир една година“.

Ова лето нема да ги видиме најдобрите машки репрезентации од Европа до 16 години со оглед на тоа дека пандемијата ги откажа Европските младински првенства. Каков хендикеп ќе биде тоа за федерацијата?

„Многу се боревме за тоа Европско првенство, за среќа, имаме големи пријатели во ФИБА кои добро нè познаваат и нас, а и Македонија како организатор на вакви настани. Жалам за генерацијата 2004, таму има многу големи таленти кои требаше да излезат на површина на ова првенство. Не ми е криво за финансиите што ќе ги загубиме со неодржувањето на тоа првенство, туку многу повеќе што нашите млади кошаркари ќе останат незабележани од скаути и тренери бидејќи тоа беше добра можност да бидат видени на врвно европско натпреварување. Резултатот од првенството кај мене е во втор план. Поважно ми е македонските кошаркари да созреат, да стекнат самодоверба, а тоа се прави само со играње против квалитетни ривали. Не сакам никого да потценам, но важно е да се игра со репрезентации како Шпанија, Србија, Израел... Додека не излезат со нив на мегдан, нема да бидат свесни за своите квалитети и можности“ – вели Антиќ.

Каков е вашиот став за меѓународните клупски натпреварувања? Првпат по осамостојувањето на Македонија, постои можност осум или девет екипи да играат на меѓународна сцена. Четири места ни обезбеди ФИБА преку Лигата на шампионите и по две АБА 2 и БИБЛ. Останува шансата МЗТ Скопје да заигра во АБА 1, но и преговорите за формирање заедничка лига со Бугарија, Србија и Грција.

„Сите во Федерацијата напорно работиме за да се оствари ова и би сакале да се искористи шансата. И не е само тоа, туку се обидуваме да избуткаме уште една екипа во АБА 2 со специјална покана. Од општ интерес на македонската кошарка е да имаме колку е можно повеќе претставници на меѓународна сцена, затоа правиме напори да бидеме инволвирани и да излеземе во пресрет на сите што им треба помош.

Добро е да се вклучи и државата затоа што знаеме дека на сите им се потребни пари за да егзистираат и бележат успеси. Им помагаме на клубовите и во врска со ваучерите, бидејќи некои не успеваат во целост да ги искористат средствата кои ги нуди овој систем. А јасно е колку се тие потребни, особено ако сакаат да играат надвор од земјава“.

Не е работа на Федерацијата, но реално ли е да се очекува толку голем број на учесници во меѓународни натпреварувања и како ќе се склопи распоредот за новата сезона?

„Секојдневно сум во контакт со претседателот на Кошаркарската федерација на Бугарија, Георгиј Глушков во врска со формирањето регионална лига во која ќе учествуваат македонски и бугарски, а можеби и грчки и српски клубови. Засега сè е во почетна фаза, се спомнуваат ПАОК и Арис, од Бугарија се Левски Лукоил, Берое... интенцијата е сите што ќе учествуваат да бидат во некое ’растојание’ од најмногу 400 километри од Солун. Можеби ќе биде тешко да се вклопи распоредот ако поголем број македонски екипи учествуваат на македонска сцена, но повеќе работи на оваа тема ќе се знаат по 15 јули“ – открива Претседателот на КФСМ.

Реална ли е можноста повторно да имаме екипа во елитната дивизија на АБА, преку МЗТ Скопје Аеродром кој би влегол на местото на Приморска?

„Многу се големи шансите за тоа. И ние навистина правиме се што е во наша моќ да помогнеме. Постојано комуницирам со Небојша Човиќ, првиот човек на Црвена Ѕвезда, со директорот на Игокеа, Вук Радивојевиќ. Од секоја страна се обидувам да извршам ’притисок’ и да помогнам колку што можам, без разлика на личните односи во моментов со раководството на клубот од Аеродром. Тврдам и секогаш ќе кажувам дека МЗТ Скопје го заслужува тоа, а го заслужува и Македонија поради целата кошаркарска традиција што ја има“ – рече меѓудругото првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ во интервјуто за официјалниот сајт на федерацијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата

Вооружена полиција реагираше на настанот во центарот на Ливерпул откако беше пријавено дека еден маж носи оружје.

Драма во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата

Полицијата од Мерсисајд соопшти дека полицајците биле повикани поради пријави за маж кој носел оружје во Пел Мол околу 18:45 часот во понеделник. Вооружена полиција била повикана на местото на настанот и мажот бил уапсен во близина во 19:10 часот. Според извештаите, кај него била пронајдена лопата, објави Мирор.

42-годишен маж од Ливерпул бил уапсен под сомнение дека поседувал предмет што може да се користи како офанзивно оружје и бил приведен на испрашување, објави „Мирор“.

Учениците и родителите на Институтот за современа музичка продукција и изведба (ICMP), кој се наоѓа во Пел Мол, изјавија за „Ливерпул Ехо“ дека зградата е ставена во „целосна блокада“ по инцидентот.

Рејчел, чиј син Зак посетува ICMP, изјави во 19:30 часот во понеделник:

„Син ми се јави и ми рече дека сè уште не се враќа дома бидејќи имало лице [со пиштол] на улицата Пел Мол. Трчаше по улицата.“

„Вработените ги спуштија ролетните. Навистина е страшно. Тој е заробен внатре. Мислам дека е повикана полиција.“

Непосредно пред 20 часот, три полициски автомобили и единица со кучиња беа видени паркирани пред МКИП, на улиците Прусија и Хајфилд. Ролетните на зградата беа делумно спуштени и двајца полицајци влегоа внатре.

Неколку минути подоцна, ролетните беа целосно подигнати и десетици ученици почнаа да ја напуштаат зградата. Никој не е повреден, а полицијата потоа ја прекина операцијата.

Лука Пирсон, 19, рече дека тој и неколку други ученици виделе човек со пиштол на улицата Прусија.

„Сите влеговме во зградата на училиштето“, рече тој.

Друг студент рече: „Имаше еден човек во долна облека [со пиштол]. Беше по улицата. Нè погледна, ние го погледнавме него.“

„Потоа веднаш влеговме внатре. Навистина не знаевме што да правиме. Се случи пред околу два часа.“

Секој што има информации за инцидентот се повикува да контактира со полицијата во Мерсисајд преку профилот @MerPolCC на социјалните мрежи или со повик на бројот 101, наведувајќи го референтниот број 907.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ.

Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост.

Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници.

Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков.

Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција.

Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас.

Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост.

Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата

По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување.

Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата.

Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост.

Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки.

Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот.

Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба

Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри.

Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата.

Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи.

Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот.

Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот.

Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември.

Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата.

Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада.

Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. 

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина.

Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“.

Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди.

Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел.

Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки.

Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер