Антиќ првпат стартер и најдобар стрелец за Атланта - Канал 5

Антиќ првпат стартер и најдобар стрелец за Атланта

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ вчера првпат беше во почетната петорка на неговиот тим Атланта Хокс, и веднаш се наметна како најдобар стрелец во тимот, со 16 поени.

Антиќ првпат стартер и најдобар стрелец за Атланта
Тимот сепак несреќно загуби од Голден Стејт Вориорс, со ударот на Андре Игудала за три поени во последните секунди, за кој Антиќ презема одговорност.

Антиќ ја доби шансата да биде во првиот тим на Атланта по повредата на Ал Хорфорд, кој беше стартер на позицијата центар. Популарниот Перо веднаш се истакна со прецизните удари за три поени, постигнувајќи четири од шест обиди, како и уште седум скокови, во вкупно 27 минути поминати на теренот во Атланта. Со вкупно 16 поени, Антиќ беше најдобар во неговиот тим, и неговиот настап беше најкоментирано изненадување на натпреварот.

- Уште се прилагодувам на играта. Никогаш не сум играл на оваа позиција во мојата кариера. Имаме многу стрелци во тимот, јас само се обидувам да ги соберам топките, да играм добро во одбраната, да ги отворам соиграчите и да се обидам да погодам кога ќе имам отворена можност за шутирање. Се што е потребно да победиме, изјави Антиќ по натпреварот за Атланта Џурнал Конститушн, водечкиот дневен весник во Атланта.

Јастребите од Атланта имаа солидно водство остварено во третата четвртина, но потоа имаше катастрофална последна четвртина, во која Голден Стејт се вратија во игра. На крајот домашниот тим несреќно загуби кога на помалку од три секунди до крајот на натпреварот, со водство на Атланта од два поени, Антиќ и Шелвин Мак удвоено го затворија опасниот Стивен Кури, но со тоа го оставија отворен Игудала, кој со истекот на времето успеа да погоди за три поени.

Антиќ изјави дека одлуката да го удвојат Кури била негова.

- Иако постигнав 16 поени, најмногу во кариерата, на крајот направив грешка. Загубивме, и криво ми е за тоа, изјави Антиќ. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и бројките - или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празен

ВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.

СДСМ: Мицкоски и бројките -  или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празен

Ајде да ги видиме тие „деманти“:

27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден.

Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%.

Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо.

На граѓаните не им треба статистика - им треба полн фрижидер.

22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната.

Реалност:

Бензинот беше 70 денари - денес 91 денари за литар.

Дизелот беше 65 денари - денес 100 денари за литар.

Треба ли уште објаснување?

21 јуни - Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен.

Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика.

ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“

Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи - пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза.

А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра.

Ете како ВМРО ја пласира својата статистика.

14 јули - Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата.

Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа.

И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени:

• Млеко - поскапено околу 50%

• Леб - поскапен околу 60%

• Ориз - поскапен околу 70%

• Јајца - поскапени околу 60%

• Месо - поскапено меѓу 50 и 70%

И што сега, ВМРО?

Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат.

Ова е истата логика како и досега:

• Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб,

• Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни,

• Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години),

• Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе,

Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница.

И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели.

Продолжете да се фалите со проценти.

Народот веќе одамна ве мери со празни кеси.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. 

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.

Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се прикаже „Трето полувреме“, уште едно извонредно остварување на режисерот Дарко Митревски.

Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Тони Михајловски и други.

Влезот за сите посетители е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер