Антиќ ќе игра во четвртфиналето на Евролигата

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ ќе биде единствениот Македонец во четвртфиналната фаза од кошаркарската Евролига.





Олимпијакос за кого настапува Антиќ синоќа во Атина, во директен дуел за пласман помеѓу осумте најдобри го победи Химки.

Освен Олимпијакос синоќа последниот „воз“ за пласман во четвртфиналната фаза го фатија и Макаби и Каха Лаборал.

Резултати на седумте натпревари од 14.коло во ТОП 16 фазата:

Група Е: Жалгирис - Бросе Баскет 90:81, Уникаха Малага - Алба Берлин 55:68, Панатинаикос - ЦСКА Москва 63:69 и Реал Мадрид - Анадолу Ефес 86:66.

Група Ф: Олимпијакос - Химки 79:70, Каха Лаборал - Монтепаски Сиена 76:64, Барселона - Макаби 74:71. Вечерва играат Бешикташ - Фенербахче.

Табела група Е: ЦСКА Москва 11-3 (победи-порази), Реал Мадрид 10-4, Анадолу Ефес 9-5, Панатинаикос 9-5, Уникаха Малага 7-7, Жалгирис 6-8, Алба Берлин 4-10 и Бросе Баскет 0-14.

Табела група Ф: Барселона 13-1 (победи-порази), Олимпијакос 9-5, Макаби 8-6, Каха Лаборал 8-6, Химки 7-7, Монтепаски 7-7, Фенербахче Улкер 2-11 и Бешикташ 1-12.

Двојките за четвртфиналето кое ќе се игра во три добиени натпревари се: ЦСКА Москва - Каха Лаборал, Олимпијакос - Анадолу Ефес, Барселона - Панатинаикос и Реал Мадрид - Макаби.

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер