Антиќ: Јас се пензионирав од репрезентацијата - Канал 5

Антиќ: Јас се пензионирав од репрезентацијата

Еден од најдобрите македонски кошаркари Перо Антиќ се наоѓа на списокот на играчи на македонската репрезентација за претквалификациите за Еуробаскетот 2021 година.

Антиќ: Јас се пензионирав од репрезентацијата
Но, тој како и поголемиот дел кошаркари кои играат во Евролигата нема да бидат на располагање на своите репрезентации, поради обврските со клубовите.
Во изјава за „Еурохупс“ Антиќ истакнува дека долг период е во репрезентативна пензија.
- Јас сум во пензија уште од 30 година. Но, тие (федерацијата) го ставаат моето име затоа што сакаат да докажат нешто. Сакам да го видам Мекејлеб во репрезентацијата. Тој многу придонесе за националниот тим, вели Антиќ.

Тој воедно истакнува дека ова е момент младите кошаркари да бидат во селекцијата.

Репрезентацијата на Македонија во понеделник го има првиот собир во СЦ „Јане Сандански“. Нашата селекција во овие претквалификации се наоѓа во група со Швајцарија и со Словачка./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. 

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар.

Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители.

Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер