КошаркаАнтиќ без реализација во победата на Фенербахче над Химки Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ не успеа да се запише во листата на стрелците синоќа во победата на неговиот Фенербахче против Химки. Тој за 16 минути поминати на паркетот имаше еден неуспешен обид за тројка, четири скокови и една асистенција.Резултати од 5.коло на Евролигата и табели по групи: А група: Баерн – Црвена Звезда 79:90, Стразбур – Реал Мадрид 93:86 и Фенербахче – Химки 88:83. Табела: Фенербахче 4-1 (победи-порази), Химки 3-2, Реал Мадрид 2-3, Баерн 2-3, Црвена Звезда 2-3, Стразбур 2-3. Б група: Анадолу Ефес – Олимпијакос 87:91, Лимож – Емпорио Армани 74:65, Цедевита – Лаборал 76:67. Табела: Олимпијакос 4-1, Лаборал 3-2, Цедевита 3-2, Анадолу Ефес 2-3, Лимож 2-3, Емпорио Армани 1-4. Ц група: Барселона – Локомотив Кубан 72:68, Каршијака – Зиелона Гора 77:66 и Панатинаикос – Жалгирис 91:56. Табела: Локомотив Кубан 4-1, Барселона 4-1, Панатинаикос 2-3, Каршијака 2-3, Жалгирис 2-3 и Зиелона Гора 2-3, Д група: Макаби – Дарушафака 73:84, ЦСКА Москва – Уникаха 78:86 и Динамо Сасари – Бамберг 73:90. Табела: Уникаха 5-0, ЦСКА Москва 4-1, Бамберг 3-2, Дарушафака 2-3, Макаби 1-4, Динамо Сасари 0-5. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивциШпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса. Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид. Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец. Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година. Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства. Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот. Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook