Антиизраелски протести во повеќе држави - Канал 5

Антиизраелски протести во повеќе држави

Во главниот град на Иран, Техеран, но и во другите блискоисточни држави, како и во Малезија и Јужна Кореја денеска имаше протести поради израелскиот напад врз Иран.

Антиизраелски протести во повеќе држави

По петочната молитва илјадници луѓе излегоа на улиците на Техеран извикувајќи пароли за поддршка на лидерите на Исламска Република и веејќи ирански и знамиња на Хезболах.

„Ќе го жртвувам животот за мојот лидер“, пишуваше на еден од транспарентите, алудирајќи на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Стотици поддржувачи на проиранската група Хезболах се собраа на улиците на главниот град на Либан, Бејрут во знак на солидарност со Иран. Тие извикуваа „Смрт на Израел, САД и претседателот Доналд Трамп“. Тие вееја знамиња на Хезболах, како и на ирански и палестински знамиња.

За време на митингот израелски дронови го надлетуваа Бејрут.

Десетици илјади Ирачани денеска протестираа во повеќе ирачки градови, меѓу кои и Багдад, поради израелскиот напад врз соседен Иран и побараа од Владата на Ирак да му забрани на Израел да го користи ирачкиот воздушен простор за напади. Демонстрациите беа организирани на повик на влијателниот ирачки шиитски лидер Муктада ал Садр.

Илјадници поддржувачи на Хутите денеска демонстрираа во главниот град на Јемен, Сана во знак на солидарност со иранскиот народ: Лидерот на Хутите, Абдул-Малик ал-Хути вети целосна поддршка за Иран и за Појасот Газа како одговор на израелските воени операции. Тој најави ракетните напади врз Израел, како и дека Хутите ќе продолжат со поморските акции.

И пред Амбасадата на Израел во главниот град на Малезија, Куала Лумпур беше организиран протест поради израелскиот напад врз Иран.

Протести имаше и пред Амбасадата на Израел во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Не за нападот на Израел врз Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Полска: Полицијата упадна во Уставниот суд, претседателот го прекина летот кон Сенегал (ВИДЕО)

Полскиот претседател Карол Навроцки го скрати своето официјално патување во Сенегал и се враќа во земјата. 

Хаос во Полска: Полицијата упадна во Уставниот суд, претседателот го прекина летот кон Сенегал (ВИДЕО)

Тој ја донесе одлуката вечерва откако полицијата влезе во зградата на Уставниот суд, а неговиот претседател беше суспендиран. „Претседателот мора да биде во Полска во вакво време. Го откажувам летот за Сенегал. Се враќам“, објави Навроцки на социјалната мрежа X, пренесува Ројтерс.

Полицијата потврди дека нивните полицајци влегле во просториите на Судот по инцидентите пред зградата. Во соопштението за медиумите се наведува дека кон полицајците биле фрлени опасни предмети. Уставниот суд објави на својата веб-страница дека претседателот на судот, Богдан Свјевски, е суспендиран од функцијата.

Долготрајна блокада на Уставниот суд

Работата на Уставниот суд е речиси парализирана долго време поради политичкиот спор. Навроцки, сојузник на поранешната националистичка влада, претходно оваа година одби да назначи тројца од шесте судии номинирани од парламентот. Во исто време, претседателот на судот Свјевски не им дозволи на судиите избрани од сегашното парламентарно мнозинство да ја преземат функцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицајците на Флорида ќе користат експериментално летало- достигнува брзина од 102 км/час (ВИДЕО)

Полицијата на Политехничкиот универзитет во Флорида станува првиот оддел во САД што воведува електрично летало во оперативната работа.

Полицајците на Флорида ќе користат експериментално летало- достигнува брзина од 102 км/час (ВИДЕО)

Необичната машина „Астро“, од Џетсон, треба да овозможи побрз надзор на кампусот, пристап до недостапни области и поефикасен одговор во итни ситуации.

Планирана соработка со други оддели

Така, полицијата на Политехничкиот универзитет влегува во нова ера на надзор и безбедност, а нивното летало - таканаречено eVTOL, е дизајнирано за вертикално полетување и слетување.

Според достапните информации, „Астро“ моментално е во завршна фаза од процесот на одобрување за оваа намена. Неговата употреба сè уште се разгледува од страна на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA), а потребните дозволи се очекува наскоро да пристигнат.

Најголемата предност на ваков авион е можноста за полетување и слетување без класична писта, што би можело да им овозможи на полицајците брзо да реагираат дури и на места до кои е тешко да се стигне со автомобили и други конвенционални возила.

Според универзитетската полиција, во иднина, Астро треба да го подобри надзорот на кампусот и околните области, да го олесни пристапот до локациите, да помогне при штети од бури и да овозможи брза испорака на основни залихи во итни ситуации.

Исто така, планирана е соработка со полицијата и другите агенции за спроведување на законот низ целиот регион, така што леталото може да се користи за поддршка на интервенции во итни ситуации и други активности насочени кон заштита на јавната безбедност.

Според техничката документација на производителот, леталото е долго 2,7 метри, широко 1,6 метри и високо 1,22 метри. Неговите крилја можат да се преклопат, што дополнително ги намалува неговите димензии и го олеснува складирањето и транспортот.

YouTube video

Предност во полициските операции

Вкупната тежина е 115 килограми, вклучувајќи ги литиум-јонските батерии кои обезбедуваат приближно 20 минути лет. Максималната брзина што може да ја достигне е 102 км/ч.

Производителот сè уште не објавил дополнителни технички детали за погонскиот систем и батериите, објавува Electrive.

Иако времето на летот е релативно кратко, можноста за полетување и слетување вертикално би можела да биде значајна предност во полициските операции, особено кога е потребно брзо да се провери одредена област или да се достигнат локации што се недостапни за копнени возила.

Шефот на полицијата на Политехничкиот универзитет во Флорида, Арон Мареј, смета дека е важно агенциите за спроведување на законот навреме да го препознаат потенцијалот на новите воздухопловни технологии и да се подготват за нивна имплементација. „Сакаме да бидеме меѓу лидерите во оваа технологија и да разбереме како таа може да ја подобри јавната безбедност, но и безбедноста на воздушниот простор како целина“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Припадник на обезбедувањето на Најџел Фараж е осуден за силување- партијата веднаш го отпиша

Припадник на обезбедувањето на лидерот на партијата „Реформ УК“, Најџел Фараж, е обвинет за силување и осуден на осум години затвор.

Припадник на обезбедувањето на Најџел Фараж е осуден за силување- партијата веднаш го отпиша

Рајан Динаж бил задолжен за заштита на Најџел Фараж за време на кампањата на неговата партија во април и мај, но бил осуден во јуни за силување жена додека спиела во приколка на коњичкиот настан „Ројал Виндзор“, објавува „Гардијан“, додавајќи дека обвиненијата против Динаж биле поднесени во 2025 година, три години откако тој го извршил силувањето во 2022 година.

Партијата „Реформ УК“ потврди дека Динаж му обезбедил безбедносни услуги на Фараж, наведувајќи дека го ангажирале преку надворешен соработник, кој ги уверил дека лицето ги поминало потребните проверки.

„Кога дознавме за обвинувањата против Динаж, бевме шокирани и згрозени и партијата веднаш го прекина својот однос со него“, рече портпаролот на „Реформ УК“, но не одговори на прашањата дали продолжува да соработува со надворешниот консултант преку кого бил регрутиран Динаж или дали се преземени какви било мерки против него.

„Најџел Фараж мора итно да објасни во кој момент партијата станала свесна дека му дозволила на човек обвинет за силување директно да се поврзе со јавноста во нејзино име.

Тие исто така мора итно да разјаснат какви чекори презеле за да спречат ова да се случи повторно“, рече портпаролот на Лабуристичката партија, додавајќи дека Фараж и неговата партија паѓаат од скандал во скандал, а јавноста сè повеќе ги гледа нивните вистински лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер