Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла - Канал 5

Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла

Досега непознат антички град на Маите е откриен во џунглите на јужно Мексико, соопшти во вторник Институтот за антропологија на земјата (INAH), додавајќи дека најверојатно бил важен центар пред повеќе од илјада години. 

Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла

Градот вклучува големи згради во форма на пирамида, камени столбови, три плоштади со згради и други структури распоредени во речиси концентрични кругови, соопшти „INAH“.

Се додава дека градот, кој наречен Окомтун - што значи „камен столб“ на јазикот на Маите во Јукатан - веројатно бил важен центар во централниот низински регион на полуостровот помеѓу 250 и 1000 година. Се наоѓа во еколошкиот резерват Баламку на полуостровот Јукатан и е откриен за време на претресот на главно неистражен дел од џунглата, поголем од Луксембург.

Пребарувањето се одвивало помеѓу март и јуни оваа година, со помош на технологија за воздушно ласерско мапирање. Цивилизацијата на Маите, позната по своите напредни математички календари, се простирала низ југоисточно Мексико и делови од Централна Америка.

Конфликтите, различните сојузи, борбата за превласт и војните довеле до нејзино опаѓање уште пред доаѓањето на шпанските конквистадори, во чии воени походи последното упориште падна кон крајот на 17 век.

Локалитетот Окомтун има централна област лоцирана на високо место и опкружена со големи мочуришта, која вклучува неколку пирамидални структури високи до 15 метри, рече главниот археолог Иван Спрајц во изјавата.

Градот имал и игралиште. Игри со топка, пред шпанскиот период, се широко распространети низ регионот на Маите, се состојат од носење гумена топка што го претставува сонцето низ теренот без употреба на раце и поминување низ мал камен обрач. Се верува дека играта имала важна религиозна цел.

Спрејц вели дека неговиот тим, исто така, пронашол централни олтари во областа поблиску до реката Ла Ригуена, кои можеби служеле за ритуали во заедницата, иако се потребни повеќе истражувања за да се разберат културите што некогаш живееле таму. Градот веројатно исчезнал помеѓу 800 и 1000 година, судејќи според пронајдените материјали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер