„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
2„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КултураАнте Томиќ: Од искуствата имаме приказни кои можеме да му ги раскажеме на светотПознатиот хрватски писател, колумнист и сценарист Анте Томиќ, автор на сценариото за филмот „Устав на Република Хрватска“ кој вчера беше прикажан на фестивалот „Киненова“. денеска во Кинотеката на Македонија одржува мастерклас.Познатиот хрватски писател, колумнист и сценарист Анте Томиќ, автор на сценариото за филмот „Устав на Република Хрватска“ кој вчера беше прикажан на фестивалот „Киненова“, денеска во Кинотеката на Македонија одржува мастерклас за трикови во пишувањето филмски дијалози. Претходно на прес-конференција по повод затворањето на третиот фестивал посветен на дебитантскиот филм, Томиќ рече дека и во Македонија и во Хрватска искуствата на луѓето се исти и може да си ги раскажуваат не само меѓу себе, туку и на светот кој допрва го доживува она што земјите од поранешната држава го поминаа пред 25 години - омраза, насилство, транзиција, сиромаштија, национализам. Поради сличностите на опшстествените контексти, лесно, рече тој, може да се вклучи во секоја овдешна, македонска политичка расправа, зашто истите работи секојдневно ги гледа во Хрватска. - Иако сме разделени со границите, животите ни останаа доста исти и можеме едни на други да си раскажуваме исти приказни и да се препознаваме во нив. Верувам дека тоа наше искуство - таа национална и верска нетолеранција, е многу корисно во уметноста. Можеме со тоа да му понудиме нешто на светот затоа што ние ги поминавме кризите што светот сега ги доживува - со Трамп во Америка, Брегзит во Велика Британија, со повиците против блискоисточните, сириските и ирачките бегалци во Европа, со цутењето на десничарските движења. Мислам дека ние ним можеме нешто да им раскажеме, зашто ние поминавме низ омраза и насилство. Знаеме како изгледа и како тоа ги уништува општествата и човечноста, рече Томиќ. Злото, рече, никогаш нема да престане, и мора постојано да се бориме со него. - Никогаш не можеме да кажеме дека сме победиле, а исто така е важно и да се каже: никогаш нема да бидеме поразени, додаде Томиќ. „Киненова“ вечер ќе заврши со прикажување на бугарскиот филм „Ага“ на режисерот Милко Лазаров. Филмот досега има седум награди на фестивали, меѓу кои и „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал. Беше селектиран и го затвори Берлиналето, на кој по 29 години беше прикажан бугарски филм во официјалната селекција. Сценаристот на филмот Симеон Венциславов на прес-конференцијата зборуваше за искуствата од филмот, работен четири години и снимен во Сибир, како што рече на 5.000 километри далеку од земјата-производител и на 30 степени под нулата, што било и најголем проблем за екипата. Филмот добива пофалби за описот на животот во екстремни услови. Токму во Сибир добил награда од публиката во конкуренција на јакутски филмови. - Навидум е историја што раскажува за локални жители, домородци, за различни култури од нашите на Балканот. Но тоа е предниот план. Но сето друго што го раскажува филмот е за животот во нас, за нештата што сме ги изгубиле низ годините и на кои се сеќаваме. Филмот е бавен и не е лесен за гледање, но му овозможува на гледачот да се сврти кон себеси. Далеку е од дефиницијата време и простор, па она што се случува може да се случило и пред 400 години. Филмот, според мене, не е создаден да дава одговори, туку да поставува прашања и да предизвикува емоции. Ако почне да дава конкретни одговори, значи нешто не е во ред, рече Венциславов. Пред проекцијата на „Ага“, вечер во кино „Фросина“ ќе бидат соопштени и доделени наградите за најдобрите филмови во двете натпреварувачки програми на третиот меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасадаДенеска треба да се донесе пресуда за случајот со палење на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје инцидентот што се случи на 15 јуни годинава .За кривично дело насочено против безбедноста на лицата и објектите под меѓународноправна заштита 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Култура„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публикатаВиртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ . Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона. Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници. Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи. Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните. Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико. Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка. Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година. Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини. По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter