Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
2Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
3Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата
КултураАнсамблот „Танец“ ја реализираше концертна турнеја во Подгорица, Љубљана и ЗагребАнсамблот „Танец“ ја реализираше својата концертна турнеја во главните градови на Црна Гора, Словенија и Хрватска и уште еднаш потврди зошто 75 години е амблем на македонската култура, синоним за извонредност во регионот.Ансамблот „Танец“ ја реализираше својата концертна турнеја во главните градови на Црна Гора, Словенија и Хрватска и уште еднаш потврди зошто 75 години е амблем на македонската култура, синоним за извонредност во регионот, како и автохтон македонски код втиснат во светската културна меморија. Македонскиот државен ансамбл за народни игри и песни Танец, со успех, проследен со громогласни аплаузи по секој концерт, ја заврши својата концертна турнеја низ три главни градови на Балканот, одушевувајќи ја публиката во Подгорица (Црна Гора), Љубљана (Словенија) и Загреб (Хрватска). Ансамблот Танец, познат по својата богата традиција на меѓународни претставувања на македонскиот музичко-сценски фолклор, повторно остави неизбришлива трага низ Балканот, обединувајќи ги луѓето и славејќи го македонското наследство, како драгоцен дел од културно наследство на регионот и светот. Ансамблот настапи во престижни сали, во салата на Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“ во Подгорица (20.9.2024), „Цанкарјевиот дом“ во Љубљана (22.9.2024) и во „Ватрослав Лисински“ во Загреб (24.9.2024), при што секоја изведба беше поздравена со громогласни ракоплескања и стоечки овации. Публиката беше почестена со разновиден репертоар кој ги прикажуваше уникатните сложените ритмови, моќните изворни гласови кои на автентичен начин ги донесоа македонските напеви од постарата и поновата традиција на македонскиот народ, а со своите неповторливи орски игри, на сеопфатен и извонреден начин, играорците ги презентирааа богатствата на македонскиот народ, кои Ансамблот ги негува на свој единствен начин, препознатлив насекаде низ светот. На најубав и најрепрезентативен начин уште еднаш се покажа дека промоцијата на вистинските вредности низ фолклорните добра е најдобрата дипломатија за меѓусебно разбирање на народите, државите, културите и дека најголемите пораки се пренесуваат наједноставно, преку универзалниот јазик на музиката и уметноста. На концертите во Подгорица, Љубљана и Загреб беше изведена богата музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која беа неизоставно застапени изворни ора - „Тешкото“, „Женско чамче“ и „Копачка“ – уникатното оро од село Драмче, кое се наоѓа на репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на светското нематеријално културно наследство на човештвото. Исто така, беа изведени и четири кореографии - „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“, како и неколку сплетови од вокали и вокално-инструментални бисери, во исполнение на оркестарот и хорот на Танец, со првенката Сузана Спасовска. Нашиот ансамбл, речиси на секој концерт имаше уникатна можност, заедно, во еден глас да ги пее со публиката антологиски песни „Да сум бистра вода“, „Седна баба да вечера“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие“, „Македонско девојче“ и многу други. После секој концерт, без исклучок, ечеа долги, френетични и секако заслужени аплаузи за нашите уметници, коишто на врвно ниво и на маестрален начин презентираа тешка програма, за којашто, веруваме ќе се говори уште долго. А меѓу бројната публика, на концертите на нашиот ансамбл присуствуваа македонските амбасадори во Црна Гора, Словенија и Хрватска, претставници од дипломатскиот кор, раководствата на тамошните фолклорни ансамбли и институции од областа на културата, како и многу други видни гости од регионот. Секако, најбројна и најзадоволна беше верната публика на Танец, која го следи овој наш најстар и единствен од тој вид ансамбл, сите овие 75 години од неговото постоење. За жал, иако во агендата на оваа балканска турнеја на Танец беше предвиден и целовечерен концерт во Бања Лука – Босна и Херцеговина, заради непредвидени технички причини, концертот не можеше да се одржи и беше откажан. „Танец“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПо неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат. Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи. Long queue of planes waiting to take off from Chicago airport after nationwide flight suspension in the US https://t.co/k4acig2RQy — LIMON (@limondar0) November 14, 2026 Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови. „FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите. Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“. Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени. Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира. Air traffic across the United States has come to a standstill. A communications failure grounded flights for more than four hours, leaving thousands of flights canceled and airports packed with stranded passengers. It’s hard to believe an entire nation’s aviation system could be thrown into chaos like this… https://t.co/YwAqp9MAJ4 — NyanChuu🔮🇯🇵🍭 (@tanpukunokami) November 14, 2026 Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите. На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно. Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно. Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите. Anger and frustration spread across US airports after a nationwide flight suspension left thousands stranded for hours. Long queues, cancellations and delays disrupted travel, with passengers struggling to find alternative arrangements. #UnitedStates #USAirports #Flight https://t.co/5V9BlWnfIt — Molitics Global (@Molitics_global) November 14, 2026 Проблемот е застарен систем Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад. Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави. Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат. Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година. Извор: Б92Тагови: летање САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалностСилно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави НиколоскиИзградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. "Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото"- истакна заменик претседателот Николоски. Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели. "Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата" -изјави вицепремиерот Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и ВладатаИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Кисела Вода.„Добар ден и од мене. Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме. Како што кажа и градоначалничката, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка помеѓу Владата и општината. Целокупниот проект е многу значаен за овој дел на Општина Кисела Вода, затоа што тоа што недостасуваше досега, тоа е водата за пиење. Ќе биде конечно затворен тој проблем. Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт. Така што плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада, нашата задача и цел е да овие потреби одговориме согласно нашите можности и се надевам дека тоа досега го правиме. Сакам да изразам благодарност и до градоначалничката, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што оваа синергија функционира и на терен и се прават вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да реализираме она што се потреби на граѓаните. Ви благодарам.“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00