Анри: Сите знаат кој ќе биде новиот француски селектор - Канал 5

Анри: Сите знаат кој ќе биде новиот француски селектор

 Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Тиери Анри нема сомнежи дека Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на клупата на Триколорите по најавеното заминување на Дидие Дешан по Светското првенство следното лето.

Анри: Сите знаат кој ќе биде новиот француски селектор

Одговарајќи на новинарско прашање, дали самиот размислува да се кандидира за селекторското место, Анри рече: „Не знам што да одговорам. Сите знаат кој ќе биде новиот селектор. Вие го знаете тоа, јас го знам тоа, му посакувам сè најдобро“.

Изјавата на Анри се совпаѓа со гласините, а според весникот „Екип“ постои широк консензус во рамките на Француската фудбалска федерација за кандидатурата на Зидан, иако федерацијата е претпазлива, велејќи дека е „прерано“ да се донесуваат одлуки, но уверува дека ќе бидат подготвени кога ќе дојде време.

Доколку информациите се потврдат, Зинедин Зидан ќе се врати на тренерската клупа пет години откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата

Славната манекенка Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер беа видени во јавноста за првпат по трагичната смрт на нивното најстаро дете и единствен син, Пресли Гербер, на 20 септември.

Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата

На фотографиите до кои дојдоа TMZ и Page Six, парот, кој е во брак 28 години, се држеше за раце за време на прошетка во Малибу, Калифорнија.

Тие изгледаа усогласено додека шетаа по плажата Зума, облечени во подеднакви бели горни делови и темни долни делови.

Крафорд носеше бела блуза со долги ракави, темни хеланки и патики, додека Ренди носеше бела кошула со кратки ракави, темни шорцеви и патики. И двајцата носеа капи на главите.

Двојката, заедно со нивната ќерка Каја Гербер, се држи подалеку од очите на јавноста по трагичната смрт на Пресли на 27-годишна возраст.

Снимките од повиците до службите за итна помош укажуваат на тоа дека надлежните интервенирале поради сомневање за предозирање, додека друга снимка наведува дека дошло до срцев застој.

Според информациите, во моментот на смртта, Пресли престојувал во центар за рехабилитација во Санта Моника.

Семејството на Пресли јавно не ја коментираше оваа тешка загуба, но кратко по неговата смрт, семеен претставник го опиша овој период како „многу тешко и болно време“. Извор изјави за „Page Six“ дека Крафорд е „скршена од болка“ и „целосно уништена“ поради загубата на Пресли, додавајќи дека семејството „сè уште се обидува да го сфати и прифати сето она што се случило“.

Списанието „People“ објави дека најблиското семејство „сè уште одлучува“ како најдобро да му оддаде почит на Пресли, додека извор за медиумот изјавил: „Тешко е да се носат такви одлуки кога сите се соочуваат со тешки емоции“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Ферари: на Хамилтон му се слошило по трката во Сингапур!

По завршувањето на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1, Луис Хамилтон морал да замине на лекарски преглед.

Паника во Ферари:  на Хамилтон му се слошило по трката во Сингапур!

Возачот на ферарри, се соочил со сериозни физички тегоби по исцрпувачката трка за Големата награда на Сингапур, за време на која извозе 62 круга при екстремна топлина и висока влажност на уличната патека „Марина Беј“.

Пилотот на Ферари по трката поради својата здравствена состојба не се појави пред медиумите , а италијанскиот тим потврди дека му била потребна медицинска помош.

Портпаролот на Ферари потврди дека седумкратниот светски шампион се чувствувал лошо откако излегол од болидот и бил прегледан од медицинскиот тим на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

Поради тоа, на Хамилтон му било дозволено да ги пропушти вообичаените медиумски обврски по трката.

Проблемите на Хамилтон дополнително се влошија поради стратешка грешка за време на самата трка. Британецот не ја послуша наредбата на Ферари да влезе во боксот за време на периодот со виртуелно безбедносно возило, поради што беше принуден да продолжи да вози со стари и значително истрошени гуми.

Поради недостатокот на прилепување, тој не успеа да ја одбрани својата позиција во завршницата.

Хамилтон постепено губеше позиции, а го престигнаа возачот на Мерцедес, Кими Антонели, како и двајцата претставници на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Иако во еден момент се бореше за место на подиумот, трката ја заврши на шестото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија

Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија.

Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево, Битолско. За епископ е хиротонисан на 12 јули 1986 година, а во октомври 1999 година е избран и востоличен за поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Годинава се одбележува значајниот јубилеј – 40 години од неговата архиерејска хиротонија (1986–2026).

По овој повод, Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија, со следната содржина:

Ваше Блаженство,

Од името на Епархискиот Управен Одбор, свештенството и верниот народ на Македонската Православна Епархија за Австралија – Сиднеј, Ви упатуваме честитки по повод значајниот јубилеј – 40 години од Вашата архиерејска хиротонија.

Четири децении архиерејско служење претставуваат сведоштво за живот посветен во служба на Христа и Неговата Света Црква. Му благодариме на Семилостивиот Бог за годините на Вашето архиерејско служење и Му вознесуваме молитви и понатаму да Ве дарува со добро здравје, духовна крепост, мудрост и благодат во извршувањето на Вашата архипастирска служба.

Нека Господ Исус Христос, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Ве укрепува и чува уште многу години, за доброто и напредокот на нашата Света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На многаја лета Ваше Блаженство!!!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер