3Нема консензус за Изборниот законик – Филипче предлага експертска група, Мицкоски бара опозицијата да се усогласи
Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
1Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ЗдравјеАнксиозни сте и под стрес? Проверете дали ви недостасува овој минерал!Покрај витамините и другите нутритиенти играат важна улога во заштитата на здравјето.Магнезиумот му е неопходен на секој орган од нашето тело, особено на срцето, бубрезите и мускулите. Тоа е минерал кој се наоѓа во многу намирници, особено во зелениот лиснат зеленчук, интегралните житарки и јаткастите плодови. Иако сите мислат дека го добиваме доволно преку храната, многумина не ги задоволуваат дневните потреби за овој минерал. Иако недостатокот на магнезиум е ретка појава, неговото намалено ниво може да има штетни последици и ефекти врз нашето тело и може да се одрази на различни начини. Симптомите може да вклучуваат нарушување на спиењето, раздразливост, конфузија, грчеви во мускулите... Она што многумина не го знаат е дека намаленото ниво на овој минерал е поврзано со стресот и анксиозноста. Анксиозноста се карактеризира со загрижувачки мисли и чувство на напнатост, поврзано со грижата за иднината. Ова нарушување се манифестира на различни начини и може да се појават симптоми како што се вртоглавица, висок крвен притисок, забрзан пулс и прекумерно потење. Експертите истакнуваат дека магнезиумот игра голема улога во намалувањето на симптомите на анксиозност на различни начини. Ги контролира невротрансмитерите Магнезиумот има смирувачки ефект врз телото, така што ги контролира невротрансмитерите и хемиските гласници во мозокот. Тој се пренесува во вонклеточниот оддел како заштитен механизам по изложувањето на стрес. Таму тој ги инхибира невротрансмитерите кои придонесуваат за стресната состојба. Ја промовира активноста на ГАБА Гама-аминобутерна киселина или ГАБА е инхибиторен невротрансмитер кој може да ги блокира сигналите во централниот нервен систем, успорувајќи го вашиот мозок и создавајќи смирувачки ефект кој е вистинско олеснување кога сте анксиозни, пишува health.com. Ја регулира мускулната тензија Магнезиумот е суштинска хранлива материја за оптимална функција на мускулите и нивно опуштање. Мускулната напнатост е честа причина за анксиозност. Недостатокот на магнезиум може да доведе до зголемена мускулна тензија и грчеви, што ја влошува анксиозноста. Соодветното ниво на овој минерал може да ја намали напнатоста, а со тоа и симптомите на стрес. Магнезиумот може да се зема во различни форми, а за анксиозност се препорачуваат магнезиум цитрат, магнезиум оксид, магнезиум хлорид, магнезиум оротат... Постојат и други облици на магнезиум кои можат да ви помогнат во надминувањето на анксиозноста и другите здравствени проблеми, но сепак, последниот збор би требало да го има вашиот лекар. Други начини за справување со анксиозноста: разговарајте со психотерапевт, применувајте избалансирана исхрана, одвојте време за физичка активност, водете дневник, вежбајте јога, медитирајте и одете на масажа. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбицијаКако влегувале нелегалните ботокси, кој ги дистрибуирал и како стигнувале до пациентите? Со проширувањето на истрагата за случајот „Ботокси“ за уште четири лица, меѓу кои и двајца лекари, Обвинителството се обидува да го склопи мозаикот и да утврди кој сè бил нил дел од нелегалниот синџир на увоз и дистрибуција. Имињата на инволвираните не се откриваат. Од ОЈО велат дека новите тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост. Од пред три месеци кога и започна аферата наречена „ботокс“ пациентите се повнимателни и доаѓаат на едукација за неинвазивните процедури, вели за Канал 5 Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска. Лекарите апелираат дека секој што сака да стави ботокс или филер може да побара да го види и да го провери производот пред да му биде нанесен. Ризикот, предупредуваат лекарите, не е само во самиот препарат, туку и во начинот на неговото аплицирање. Последиците може да бидат естетски деформитети, инфекции и алергиски реакции, оштетување на нервите и мускулите, а во потешки случаи и нарушувања на дишењето и голтањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаСДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во КочаниСкандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци.Лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани. Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае: Кој е одговорен за овој скандал? Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А. Л викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани? Дали началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, е во бизнис со наркодилерот викан Цуната? Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него? Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој го пушти? Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување? Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага. СДСМ бара веднаш да се утврди одговорноста на сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани. По две години мандат на Тошковски, МВР се соочува со низа скандали, а безбедноста и довербата се сериозно нарушени. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и Филипче во отворен судир за еврпската перспективаДодека Брисел го држи проширувањето високо на својата агенда, Македонија останува надвор од европската мапа поради погрешните политики на Владата на ВМРО, обвини претседателот на СДСМ Венко Филипче. Во пресрет на т.н „супер вторник“ на 14 јули кога како што потврди ирското претседателство со Унијата, Украина и Молдавија же отворат по еден, а Албанија и Црна Гора ќе затворат по неколку кластери од преговорите, Филипче предупредува дека државата останува на страна токму во момент кога поддршката за земјите-кандидати е најсилна. -Со конкретни чекори Европската Унија кажува дека проширувањето е високо на листата на приоритети во нивната агенда. Вчера и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. Очигледно е дека, благодарение на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ние на тој пат повеќе не сме. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш досега и кога никогаш досега земјите-кандидати немале поголема поддршка да станат земји-членки на Европската Унија, ние остануваме на страна. – Венко Филипче – Претседател на СДСМ Премиерот Христијан Мицкоски пак порача дека земјава ќе продолжи со реформите но нема да прифати безусловна промена на Уставот според условите од претходната власт. Тој нагласи дека Владата останува отворена за дијалог и барање компромисно решение, но отфрла можност за, како што рече, „капитулација“. -Го покажавме и во декемврискиот извештај а ќе покажеме и сега во јунскиот извештај дека ние сме во суштина најнапредната држава во регионот кога станува збор за испорака на реформи. За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што прифатила претходната Влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен. Граѓаните од лидерството во македонската Влада очекуваат да го заштити македонскиот национален идентите и ние тоа го правиме и нема цена, но безусловно потпис да ставам на нешто што прифатила претходната Влада или т.н капитулација додека сум јас ова што сум, тоа нема да го направам. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Инаку проширувањето на ЕУ и европската перспектива на Западен Балкан беше во фокусот на дискусиите во Рим на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, каде се слушнаа и пораки дека е нефер Украина да биде ставена на брза лента на зметка на Западен Балкан. -За Италија односите со Западен Балкан се политички приоритет, за нас е од клучно значење да се работи напорно да се отвори патот за целосно членство на земјите од Западен Балкан. Ние сме за членство на Украина, но претходно тука е Западен Балкан, затоа што ќе биде голема грешка да ја згубите средбата со Европската Унија. – Антонио Тајани - Министер за надворешни работи на Италија Пристапниот процес за Македонија останува блокиран. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, при посетата на Скопје порача дека ниту една земја кандидат никогаш не добила гаранција дека во текот на пристапувањето нема да се појави нов спор. Таа нагласи дека проширувањето функционира преку исполнување на преземените обврски и градење доверба меѓу кандидатите и земјите членки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook