Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
2Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
БалканАнкети за резултатите од неделните избори во СрбијаСпоред проценките на обложувалниците, на изборите во Белград ќе учествуваат 48,4 отсто од запишаните во избирачкиот список т.е околу десет отсто помалку од изборите во декември минатата година. Во пресрет на неделните локални избори во 88 градови и општини и повторените избори за градот Белград, анкетите не ги поддржуваат надежите на опозицијата за промена на политичкиот пејзаж на главниот град на Србија, каде и покрај бојкотот на поголемите партии опозицијата се надева на победа против владејачката Српска напредна партија (СНС), како и во Ниш, Нови Сад и Чачак, јави дописникот на МИА од Белград. Анкетата за определеност на гласачите што ја спроведе Ипсос покажува дека очекуваната излезеност ќе биде 49,6 отсто, односно се очекува да биде во интервал од 47,2 посто до 52 проценти во однос на бројот на запишани гласачи. Според оваа анкета, на изборите за град Белград изборната листа „Александар Вучиќ - Белград утре“ ќе освои најголем број мандати во белградското градско собрание, бидејќи на три дена пред изборите има поддршка од 47,7 отсто од гласачите. Следни по сила се листата „Д-р Саво Манојловиќ - Јас сум Белград - Крени-Промени“ со 16,3 проценти и листата „Го бираме Београд - Добрица Веселиновиќ - Милош Павловиќ“ со речиси иста проценнка на резултат -16,2 посто. Четвртата листа што ќе го помине цензусот е листата „Ние, силата на народот - проф. д-р Бранимир Несторовиќ“, кој според проценките би освоил 7,7 отсто од гласовите. Според истражувањети на Ипсос можно е да дојде до прелевање на гласовите во блокови и коалиции на слични партии. Поради овие фактори, како и поради забележаните трендови во податоците, можно е да дојде до промена на односот помеѓу листата „Д-р Саво Манојловиќ - Јас сум Белград - Крени-Промени“ и листата „Го бираме Белград - Добрица Веселиновиќ - Милош Павловиќ“. Останатите коалиции и изборни листи од вкупно 14-те колку РИК ги има регистрано според Ипсос нема да го преминат цензусот за избор на одборници. И обложувалниците ги објавија коефициентите за претстојните избори во Белград, според кои коалицијата собрана околу СНС и СПС може да смета на убедлива победа и поддршка од повеќе од половина од гласачите, а тоа секако би значело најмалку 60 отсто од советнички места во Градското собрание на Белград. Според проценките на обложувалниците, на изборите во Белград ќе учествуваат 48,4 отсто од запишаните во избирачкиот список т.е околу десет отсто помалку од изборите во декември минатата година. Од оваа бројка обложувалниците проценуваат дека листата „Александар Вучиќ- Белград утре“ составена од СНС, СПС, Заветници и други коалициони партнери треба да освои околу 52,1 отсто од гласовите. За споредба, на претходните белградски избори СНС доби 39,03 отсто од гласовите, СПС 4,75 отсто, а под прагот остана коалицијата Заветници-Двери со 2,58 отсто од гласовите. Второто место со 18,9 отсто поддршка е проектирано за коалицијата Крени-Промени на Сава Манојловиќ, која настапува со изборната листа „И јас сум Белград“, додека коалицијата „Го избираме Белград“ создадена од „Србија против насилството“ е на трето место со 14,2 отсто од гласачите во главниот град на Србија. Според овие проценки четвртото место би го зазела листата „Ние - силата на народот, проф. Бранимир Несторовиќ“ кој со 6,7 отсто од гласачите би бил единствениот што би го поминал цензусот од три отсто и би влегол во градското собрание на Белград. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МетеоВидео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс. Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики. Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти. Getting raked by back end of typhoon Dolphin now in N Okinawa pic.twitter.com/qD4gXNeXZL — James Reynolds (@EarthUncutTV) August 7, 2026 Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
СветДвајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во ТајландВо пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook