Лишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената
2Лишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
1Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
3Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
ЕвропаАнкета: Унгарската опозициска партија Тиса има поголема поддршка од владејачката ФидесРезултатите од најновата анкета покажуваат дека унгарската опозициска партија Тиса и во јануари има поголема поддршка од владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан.Според анкетата на „Завец рисрча“ (Zavecz Researcha), поддршката за Тиса во јануари е зголемена за два отсто во споредба со ноември и изнесува 49 проценти. Додека поддршката за Фидес е зголемена за еден отсто и изнесува 39. Само пет проценти од испитаниците изјавиле дека ја поддржуваат ултрадесничарската партија „Ми Хазанк“ (Наша татковина). Според анкетата, спроведена од 19 до 24 јануари, Фидес има поголема поддршка кај гласачите постари од 59 години, кои живеат во селата и малите градови. Опозициската партија Тиса повеќе ја поддржуваат помладите граѓани од 39 години. Во Унгарија на 12 април се одржуваат парламентарни избори, што се предизвик за премиерот Орбан, кој е на власт од 2010 година. Главен политички опонент на унгарскиот премиер е лидерот на Тиса, Петер Маѓар, некогашен соработник на Орбан. И според другите анкети Тиса има поголема поддршка од Фидес. За Орбан претстојните парламентарни избори се избор помеѓу војната и мир, а гарант за мирот е неговата Влада. Тој е познат како критичар на европската помош за Украина. Додека Тиса ветува дека ќе ја сузбие корупцијата, ќе ги ослободи милијардите евра од замрзнатите фондови на Европска Унија да за ја поттикне економијата и да ја зајакне позицијата на Унгарија во ЕУ. Тагови: Фидес Тиса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСпасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеаниСпасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани, по катастрофални поплави и одрони што вчера буквално го збришаа пограничниот регион. Хималајското цунами, како што го нарекоа светските медиуми, предизвикано од колапс на глечер на планините, за само неколку минути ја прекри со карпи, вода и кал целата долина долж реката Тришули, не оставајќи време голем број од луѓето да се извлечат. Најмалку 300 загинати и 1.500 исчезнати е досегашниот биланс во ненадејната стихија од двете страни на границата меѓу Непал и Тибет. -Oвде до вчера беше мојот дом. Сега го нема. Се е збришано. Стихијата дојде од таму, носеше се на сите страни. , вели преживеан во поплавите. -Во моментов најголем предизвик е да се најдат заробени и преживени луѓе. Не можеме да претпоставиме за колкава бројка станува збор. , преживеан во поплавите. -Бев на терасата кога водата надојде и буквално се искачи до мојот кат. Мојата сопруга не преживеа. Јас чекав да опадне нивото на водата, а потоа, по пет и пол часа бев спасен со хеликоптер. , преживеан во Непал. Меѓу исчезнатите над 500 се странски туристи, најголем дел Индијци и туристи кои биле на аџилак. Дури 33 држави пријавија свои граѓани со кои не можат да стапат во контакт. Меѓу нив, и 65 Американци, 50 Украинци, 35 Британци, исто толку Австралијци. Македонското МНР засега нема информација за евентуални наши исчезнати државјани таму. Спасувачките операции се одвиваат тешко, затоа што се урнати и многу мостови, вклучително и најголемиот што ги поврзува Напал и кинескиот автономен регион. -Според првичните информации на надлежните во Кина, (во регионот на Тибет) вкупно за исчезнати се водат 260 странски државјани во погодената област. Што се однесува на непалската страна, речиси 100 кинески државјани се водат за исчезнати. , изјави Ванг Шубинг, портпарол на кинеското МНР. -Имаме 288 индиски државјани со кои немаме контакт, вклучително и 73-ца кои работеа на енергетски проект. , изјави Рандхир Јаисвал, портпарол на индиското мнр. Иако првично непалските власти соопштија дека катастрофата ја предизвикал земјотрес, подоцна беше утврдено дека сеизмичките промени биле резултат на таканаречен глацијален колапс, односно пукање на глечер на Хималаите што иницирал огромни колични вода и лавини од наноси да се струполат надоле. Дел од светските експерти сметаат дека клучната причина сепак е резултат на климатските промени. Тагови: Непал свлечишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаЛишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 26.08.2026 во 22:15 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенз“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На 27.08.2026 во 05:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А.(32) од Холандија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаПочнува реализацијата на гасоводот Македонија – Србија, потпишан договор во владата Потпишан договорот за градба на гасоводот со Србија вреден 29,4 милиони евра. Потпис на него денeска во владата ставија директор на АД „Номагас, Недим Рама, и директорот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски. Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Сања Божиновска Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот. Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици. Рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook