МакедонијаАнкета: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ.Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски. Владеачката партија е веќе безмалку две години на власт, исто толку и Мицкоски е македонски премиер, но нивниот рејтинг и натаму е висок во споредба со опозицијата. Вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски. 24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“. Повеќе од половина од испитаниците кои се изјасниле за конкретна политичка партија на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5% се определиле за Вреди, 11,1% за СДСМ, 10,9% за ДУИ, 7% за ЛЕВИЦА, 4,8% за ЗНАМ… Дали сте за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач, односно членка на ЕУ без право на вето? Повеќе од половина (52%) од испитаниците изјавиле дека се за влез на Македонија во ЕУ без право на вето. На прашањето за тоа во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 отсто од испитаниците одговориле дека наоката е правилна, а 46,9 отсто од нив сметаат дека се движиме во погрешна насока. Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. Извор: МКД.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме! Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот. Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела! Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Шоу бизМотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евраМотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити.Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити и се очекува да се продаде за дури 900.000 фунти, или околу 1,07 милиони евра. Мотоциклот, познат како Бетпод, го користел Кристијан Бејл, кој го играл Бетмен во филмовите на Кристофер Нолан „Темниот витез“ од 2008 година и „Враќањето на темниот витез“ од 2012 година, објавува CNN. Беше ставен на аукција од куќата „Пропстор“. Режисерот и основач на аукциската куќа, Стивен Лејн, изјави дека мотоциклот, познат и како „Ѕверот“, го дизајнирал Нолан заедно со сценографот Натан Кроули, додека за неговата конструкција бил задолжен уметникот за визуелни ефекти, добитник на Оскар, Крис Корволд. Бетподот е напојуван од мотор на Хонда од 750 кубни сантиметри и е опремен со гуми со дијаметар од дури 80 сантиметри. Лејн рече дека создавањето мотоцикл што практично би можел да функционира на филмски сет е голем технички предизвик и за актерите и за каскадерите. Шест „Бетподи“ се направени, но само еден е официјално одобрен за продажба надвор од студијата „Ворнер Брос“. Онлајн лицитацијата започна вчера и ќе заврши на 4 декември за време на аукција во живо во Лондон. „Бетпод“ се продава заедно со стотици други филмски сувенири, вклучувајќи два комплетни костими на Бетмен, едниот што го носеше Бејл во филмот од 2005 година „Бетмен почнува“, а другиот што го носеше Вал Килмер во филмот од 1995 година „Бетмен засекогаш“. На аукцијата ќе бидат вклучени и шапка и кошула што ги носеше каскадерот Вик Армстронг во филмовите од 1984 година „Индијана Џонс и храмот на пропаста“ и „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ од 1989 година, како и меч што го користеше Кит Харингтон како Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“. Меѓу предметите е и ракавицата на Фреди Кругер, која достигна минимална цена од 25.000 фунти, или околу 30.000 евра, само неколку часа по почетокот на аукцијата. Повеќе од 100 предмети ќе бидат изложени во хотелот „Камберленд“ во Лондон од 19 до 22 ноември.Тагови: аукција Бетмен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрагедија на Задушница во Србија: Жена палела свеќи, паднала и починала Денеска во селото Зебинце во близина на Владичин Хан се случила несреќа, по што кратко потоа починала жена, С. М. (65). Таа отишла на Задушница на гробиштата во планинското село Зебинце, објави Телеграф. Според Љиљана Петровиќ, дежурна јавна обвинителка во Владичин Хан, С. М. се лизнала додека палела свеќи на гробиштата и зграпчила споменик кој се скршил и паднал на нозе. „Пристигнала брзата помош и, како што бевме информирани, таа се пожалила на болки во грбот. Таа била пренесена од Здравствениот дом до Одделот за прием и тријажа во Врање, а оттаму во Ниш. Сепак, за жал починала на пат кон Ниш“, изјави Љиљана Петровиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook