Анкета: Речиси половина од Европејците го сметаат Трамп за непријател, има висок ризик од војна со Русија - Канал 5

Анкета: Речиси половина од Европејците го сметаат Трамп за непријател, има висок ризик од војна со Русија

Анкетата покажа дека во просек 48 отсто од испитаниците го гледаат Трамп како директен непријател. 

Анкета: Речиси половина од Европејците го сметаат Трамп за непријател, има висок ризик од војна со Русија

Речиси половина од Европејците го сметаат Доналд Трамп за „непријател на Европа“, малку поголем процент од нив, пак, сметаат дека има висок ризик од војна со Русија, додека над две третини од Европејците веруваат дека нивните земји нема да можат да се одбранат во таков конфликт. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена во девет земји за париската платформа Le Grand Continent, која, исто така, откри дека огромното мнозинство граѓани сакаат да останат во Европската Унија, пишува Гардијан.

Жан-Ив Дормаген, професор по политички науки и основач на агенцијата за истражување на јавното мислење Cluster17, ги коментираше резултатите: „Европа не само што се соочува со растечки ризици, туку и минува низ трансформација на својата историска, геополитичка и политичка средина. Целокупната слика од анкетата покажува Европа која е загрижена, длабоко свесна за своите ранливости и се бори позитивно да се проектира во иднината“.

Анкетата покажа дека во просек 48 отсто од испитаниците во деветте земји го гледаат Трамп како директен непријател. Најмногу со ваквите ставои ги има во Белгија- 62 отсто, по која следата Франција- 57 отсто, додека на крајот се Хрватска- 37 отсто и Полска – 19 отсто.

„Низ целиот континент, трампизмот јасно се смета за непријателска сила“, рече Дормаген.

И покрај ова, Европејците сè уште го сметаат односот со САД за стратешки важен - компромис со американската Ввлада е најпопуларната опција за 48 отсто од испитаниците.

Релативно мнозинство од 51 отсто од Европејците веруваат дека ризикот од отворена војна со Русија во наредните години е висок, додека 18 отсто го сметаат за многу висок. Дормаген истакнува дека таков резултат „би бил незамислив пред само неколку години и сигнализира промена во европското мислење кон новиот геополитички режим во кој можноста за директен конфликт на континентот сега е широко прифатена“.

Ставовите варираат во зависност од близината до Русија. Па така, 77 отсто од Полјаците го сметаат ризикот за висок, а во Франција и Германија тој е 54 и 51 отсто, соодветно. На спротивната страна, пак, дека нема голем ризик од војна со Русија сметаат 39 отсто Португалци и 34 отсто Италијанци

Довербата во националните воени капацитети е исклучително ниска. Дури 69 отсто од испитаниците во деветте земји веруваат дека нивната земја „навистина не е“ или „воопшто не е“ способна да се одбрани од руската агресија. Најсамоуверени се Французите, но дури и таму тоа е малцинско мислење од 44 отсто.

Во Полска, која граничи со Русија, 58 отсто од граѓаните не веруваат во одбранбените капацитети на нивната земја.

„Влегуваме во ера на опасност бидејќи чувствуваме трајно чувство на национална слабост“, заклучи Дормаген.

И покрај чувството на ранливост, огромното мнозинство од испитаниците го поддржуваат членството во ЕУ. Дури 74% сакаат нивната земја да остане во блокот. Највисока поддршка за ова прашање имаше во Португалија- 90 отсто и во Шпанија -89 отсто, а најниска во Полска и68 отсто,

Франција- 61 отсто

Пет години по излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, сега Брегзит во голема мера се смета за неуспех. Дури 63 отсто од Европејците веруваат дека тој имал негативно влијание врз Велика Британија, додека само 19 отсто веруваат дека одлуката била позитивна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Поранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. 

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година.

„Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина.

Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно.

Настапил два пати на Олимписки игри

Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место.

Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место.

Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва.

Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем.

Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец?

Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати.

Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини.

Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото.

Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот.

Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.

Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час

Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час.

Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер