Анкета на „Рејтинг“: 32% сметаат дека Заев би бил подобар премиер, 27% се изјасниле за Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев би бил подобар иден премиер од неговиот главен противник на претстојните парламентарни избори и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, покажува последната анкета спроведена од агенцијата „Рејтинг“.

32% проценти од граѓаните во анкета на „Рејтинг“ мислат дека Заев е подобра опција за премиер од лидерот на ВМРО, Мицкоски, кој добил поддршка од 27 проценти граѓани, додека пак 20 проценти од испитаниците одговориле дека ниту еден од нив не бил добар за таа функција.

Според истражувањето, за граѓаните најголем проблем во земјава остануваат ниските плати и животниот стандард, додека пак на второто место се најде корупцијата и криминалот, а меѓу главните проблеми се најдоа и невработеноста, иселувањето и високите трошоци за живеење.

На прашањето која влада може да ги реши подобро наведените проблеми на земјава, 30 проценти од граѓаните одговориле дека тоа е владата предводена од СДСМ, наспроти ВМРО која добила поддршка од 26 проценти од анкетираните. Од друга страна 20 проценти од оние кои учествувале во истражувањето, сметаат дека ниту едната ниту другата може да ги реши наведените проблеми во анкетата.

42 проценти од испитаниците велат дека владата предводена од СДСМ може побрзо да обезбеди членство во ЕУ и НАТО, додека пак поддршката на ВМРО по ова прашање изнесува 22 проценти, а 27% не веруваат дека било која од нив може да го обезбеди членството.

Анкетата на „Рејтинг е спроведена на примерок од 1080 испитаници, од 18 до 29 Јануари, со метод лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3 проценти..

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер