Анкета на ЈуГов: AфД е прва по популарноста во Германија, ЦДУ/ЦСУ се на најниско ниво од 2021 година - Канал 5

Анкета на ЈуГов: AфД е прва по популарноста во Германија, ЦДУ/ЦСУ се на најниско ниво од 2021 година

Според анкетата, Алтернативата за Германија освои 27 проценти поддршка, што е за еден процентен поен повеќе од претходниот месец, со што ги престигна сите други политички партии, пренесува Дојче Веле (DW).

Анкета на ЈуГов: AфД е прва по популарноста во Германија, ЦДУ/ЦСУ се на најниско ниво од 2021 година

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија - АфД (AfD) за првпат се најде на врвот на популарноста во земјата во национална анкета, со 27 проценти поддршка, додека истовремено незадоволството на граѓаните од работата на владејачката коалиција расте, покажа денеска најновото истражување на јавното мислење од агенцијата ЈуГов (YouGov).

Според анкетата, Алтернативата за Германија освои 27 проценти поддршка, што е за еден процентен поен повеќе од претходниот месец, со што ги престигна сите други политички партии, пренесува Дојче Веле (DW).

Конзервативниот блок на Христијанско-демократскиот сојуз на Германија и Христијанско-социјалниот сојуз на Баварија (ЦДУ/ЦСУ) забележа пад од три процентни поени на 23 проценти, што е најнизок резултат во оваа анкета од крајот на 2021 година.

Социјалдемократската партија на Германија (SPD) падна на 13 проценти поддршка, додека Зелените и Левицата забележаа мал раст од по еден процентен поен, достигнувајќи 14 и 10 проценти, соодветно.

Слободната демократска партија (ФДП), која ги претставува интересите на бизнис-заедницата, како и популистичко-левичарскиот сојуз –БСВ (BSW), имаат по четири проценти поддршка, што е под изборниот праг за влез во парламентот.

Дојче Веле оценува дека истражувањето укажува и на растечкото незадоволство на граѓаните од работата на владата, бидејќи 79 проценти од испитаниците рекле дека не се задоволни од сегашната коалиција, што е значително зголемување во споредба со 55 проценти во средината на 2025 година.

Други неодамнешни анкети на јавното мислење укажуваат на потесна трка, а анкетите на Инса (Insa) и Инфратест димап (Infratest dimap) исто така покажуваат дека АфД има мала предност или е на нивото со блокот ЦДУ/ЦСУ, потврдувајќи го променливото расположение на гласачите во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола денес беше град на трчањето

Над 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.

Битола денес беше град на трчањето

Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката.

ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата.

Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката.

Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола.

Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер