БалканАнкета: Колку Грците веруваат во теории на заговор? Дали земјата е рамна?; Дали вакцините содржат микрочип?; Дали климатските промени се лага?; Дали 5Г технологијата го контролира мозокот?, се дел од прашањата во истражувањето на јавното мислење „Колку Грците веруваат во теории на заговор“ Дали земјата е рамна?; Дали вакцините содржат микрочип?; Дали климатските промени се лага?; Дали 5Г технологијата го контролира мозокот?, се дел од прашањата во истражувањето на јавното мислење „Колку Грците веруваат во теории на заговор“ спроведено од „Aboutpeople“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“, а мнозинството одговори се негативни. Најмалку прифатена е теоријата дека земјата е рамна, само 1,1 процент веруваат дека ова тврдење е точно, а 95,7 отсто одговориле негативно. Најголема е резервираноста на граѓаните во однос на тоа „дали е пронајден лек за ракот, а некои го кријат“, со 35,2 отсто кои одговориле позитивно, 49,6 негативно, а 15,2 проценти немале став. Меѓу седум и осум од десет Грци ги отфрлаат теориите дека „вакцините содржат микрочип и ја менуваат ДНК“, дека „технологијата 5Г може да го контролира мозокот“, дека „климатските промени не постојат“, но и дека „нè прскаат од авионите“. Поконкретно, за 5Г технологијата, 7,3 отсто сметаат дека може да го контролира човечкиот ум, 81,4 отсто не се согласуваат со ова тврдење, а 11,3 проценти не изразиле став. Во однос на климатските промени, 14,1 отсто веруваат дека не постојат и дека станува збор за лага, додека 79,2 проценти одговараат негативно. Паралелно, 13 отсто мислат дека вакцините ја менуваат ДНК или содржат микрочипови, додека 74,9 проценти не ја прифаќаат оваа теорија, а 12,1 отсто немаат став. За теоријата дека „нè прскаат со хемикалии од воздух“, 18,9 проценти одговориле позитивно и 72,1 отсто негативно. На прашањето „Дали постои таен план за замена на населението преку миграција“ 30,2 проценти се согласуваат, 57,1 отсто не веруваат во ова, а 12,7 проценти од испитаниците не се изјасниле. Истражувањето било спроведено од 13 до 17 ноември годинава со анкетирани 1.536 лица на возраст од над 17 години./МИАТагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСе гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања. Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање. „И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“. Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години. Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп. Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување. Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
БалканПетрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти. Ова го изјави бугарската министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија каде присутвува и македонска делегација.според неа, -Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе БГНЕС. Бугарскиот министерот за транспорт Георги Пеев утринава изјави дека Бугарија и Македонија веќе презеле конкретни чекори за забрзување на изградбата на Коридорот VIII. Тој нагласи дека проектот има не само транспортно, туку и стратешко значење за безбедноста на регионот. Пренесува БГНЕС. Тој додаде дека со оглед на конфликтите и војните во близина на регионот, изградбата на транспортни коридори добива уште поголемо значење.во врска со чекорите за изградба на Коридорот 8, рече:„веќе дека постои заеднички комитет со македонската страна, кој одржал два состанока - еден во Софија и еден во Скопјe. Таму изготвивме конкретен план. Сите проекти се одвиваат со забрзано темпо.“„најтежок е заедничкиот тунелски објект меѓу Бугарија и Македонија. Таму, бугарија ќе биде водечка земја, таа ќе ги додели процедурите. Ова е најголемиот предизвик бидејќи станува збор за тунелски објект кој бара соодветни напори“, објасни тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во пестоВо четврток (01.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Виктор Димитриевски.Состојки за денешниот рецепт: 3 парчиња пилешки стек 100 гр. фета сирење 1 домат 1 тегличе песто сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter