Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
СветАнкета: Камала Харис би била добра претседателка на САДВо услови на зголемен притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од неговата кандидатура за реизбор, мнозинството демократи оценија дека неговата кандидатка Камала Харис би била добар претседател.Во услови на зголемен притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од неговата кандидатура за реизбор, мнозинството демократи оценија дека неговата кандидатка Камала Харис би била добар претседател, покажуваат резултатите од најновата анкета на јавија американски медиуми, повикувајќи се на анкета Центарот за истражување на односи со јавноста (АП-НОРЦ). Според анкетата 60 отсто од демократите сметаат дека Харис добро би се снашла на претседателската функција. Околу 20 проценти од демократите не веруваат во нејзините способности, а 20 отсто изјавиле дека немаат мислење. По катастрофалниот настап на Бајден во телевизиските дебати со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 27 јуни, многу демократи приватно или јавно побараа Харис да биде номинирана наместо Бајден за претседателски кандидат на Демократската партија. Според нив Харис има поголеми шанси да го победи Трамп. Додека Американците се поскептични за можното однесување на Харис во Овалната соба. Околу 30 проценти од возрасните анкетирани изјавиле дека Харис ќе биде успешна претседателка, 50 отсто навеле дека нема да биде успешна претседателка, а 20 проценти посочиле дека немаат мислење. Процентот на испитаници кои изјавиле дека планираат да гласаат за Харис е сличен на рејтингот на Бајден. Анкетата покажува дека 40 отсто од возрасните Американци се наклонети кон Харис, додека 50 проценти не. Додека против Бајден се изјасниле 60 отсто од испитаниците. Секој десетти граѓанин на САД навел дека нема информации за да формира мислење за Харис, додека речиси сите имаат мислење за Бајден. Анкетата покажува и дека околу 75 отсто од членовите на Демократската партија на САД ја одобруваат Харис, што одговара на рејтингот на Бајден од 70 проценти. Демократскиот комитет денеска ќе разговара за процесот на виртуелно гласање за да го номинира Бајден за демократски кандидат за претседателските избори во САД на 5 ноември. Онлајн гласање е закажано пред Демократската национална конвенција, што ќе се одржи на 19 август во Чикаго, Илиноис. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријаваЛицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМинистерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзницаМинистерството за финансии денеска објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно. Граѓаските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година. Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост. Линк до објавениот Проспект: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-0ib9.pdfТагови: Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPASДенеска (18.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Меѓународната служба за полициска помош (IPAS) на Обединетото Кралство.На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и подготвеност за нејзино продолжување и натамошно интензивирање во областа на безбедноста и полициското работење. Во таа насока, беше истакнато дека се одржани повеќе работни состаноци со претставници на релевантните организациски единици во рамки на Министерството, со цел унапредување на меѓусебната координација, идентификување на приоритетите и реализација на конкретни заеднички активности. Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на партнерската соработка, со посебен акцент на реализација на конкретни заеднички активности во областа на безбедноста и полициското работење.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook