Анкета: Хрватите се најзагрижени поради растот на цените и врсничкото насилство - Канал 5

Анкета: Хрватите се најзагрижени поради растот на цените и врсничкото насилство

Резултатите од најновата анкета на Ипсос покажуваат дека Хрватите се најзагрижени за растот на цените, потоа за врсничкото насилство, воените конфликти и имигрантите.

Анкета: Хрватите се најзагрижени поради растот на цените и врсничкото насилство

Повеќе од 90 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени поради растот на цените, додека 78 отсто изјавиле дека стравуваат поради пад на куповната моќ.

Дури 85,5 проценти од Хрватите посочиле дека еден од најголемите проблеми со кои се соочува општеството е врсничкото насилство, а 73,5 отсто навеле дека се загрижени поради пораст на проблеми со менталното здравје и штетното влијание на општеството. Додека 64,5 проценти од испитаниците изјавиле дека се вознемирени поради зголемување на насилството.

Речиси 73 отсто од испитаниците изјавиле дека се загрижени оти Хрватска би можела да биде директно вклучени во некои од воените судири во светот.

Анкетата покажува дека само еден од пет граѓани поддржуваат доаѓање на странски работници во Хрватска, а речиси 48 проценти веруваат дека имигрантите претставуваат закана за хрватската култура и начин на живот.

Анкетата е спроведена онлајн од 25 до 30 октомври, при што се испитани 600 граѓани на возраст од 18 до 65 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

- До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер