Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
2Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
СветАнкета: Германците со поголема доверба во владата на Мерц отколку во коалицијата на Шолц Поголем дел од германските граѓани имаат доверба во новата сојузна влада предводена од конзервативците, споредено со очекувањата што ги имале во 2021 година од претходната влада на Олаф Шолц. Поголем дел од германските граѓани имаат доверба во новата сојузна влада предводена од конзервативците, споредено со очекувањата што ги имале во 2021 година од претходната влада на Олаф Шолц, покажува анкета на Институтот за идни студии Опашовски од Хамбург. Според истражувањето спроведено меѓу 12 и 18 мај, 56 отсто од испитаниците изразиле надеж кога е во прашање новата коалиција составена од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), нејзината баварска сестринска партија ЦСУ и Социјалдемократите (СПД). Тоа е повеќе од 52 отсто кои во 2021 изразиле оптимизам за централно-левичарската коалиција на Шолц, Зелените и Слободните демократи (ФДП). Податоците покажуваат регионални и генерациски разлики. Во источна Германија, довербата е нешто пониска (50 отсто), но сепак повисока за 11 поени од 2021. Надежите се најсилни кај постарите од 50 години – 60 отсто од нив гледаат позитивно на новата влада, за разлика од 53 отсто кои ја поддржувале претходната. Наспроти тоа, помалку млади лица изразуваат доверба. Додека 57 отсто од младите на возраст од 14 до 29 години ја поддржувале владата на Шолц, сега таа бројка изнесува 50 отсто. Директорот на институтот, Хорст Опашовски, вели дека и покрај глобалните предизвици, јавноста покажува знаци на обновена надеж откако разочараноста од претходната влада полека стивнува. Тагови: Германија Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВелс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино Фудбалскиот сојуз на Велс стана првиот сојуз што официјално ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за мандатот до 2027 година.Се известува дека Велс испратил писмо до ФИФА во кое се наведува дека ја изгубиле довербата во Инфантино и неговото раководство по обидот за продажба на натпреварувањето што се одвива под покровителство на ФИФА. „Неодамнешните неуспеси во областите на доброто управување, лидерството, вредностите, односите со засегнатите страни, комуникацијата и разумното одлучување нè доведоа до ситуација во која Инфантино ја изгуби довербата на Фудбалскиот сојуз на Велс за да остане на чело на светскиот фудбал“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс. Се нагласува дека тоа што интересите на фудбалот не се ставени на прво место претставува пропуст што не може да се прифати. „Скај“ наведува дека соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс е дел од координирани активности на Европската фудбалска унија (УЕФА), која претходно побара одговорност поради обидот за продажба на Светското првенство. Во саботата, УЕФА упати критики за „тајните планови што се спроведуваат со забрзано темпо, осмислени од анонимни поединци и чија корист за самиот спорт е сомнителна“, и најави дека работи на план „за да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори“, при што не исклучи ниту една опција. Се очекува и други фудбалски сојузи да го следат примерот на Велс и да го засилат притисокот врз Инфантино да се повлече, без потреба од иницирање гласање за недоверба. Инфантино, кој е на чело на ФИФА во изминатите 10 години и планира повторно да се кандидира, добил повеќе од 200 писма за поддршка од членките на ФИФА – вклучително и од 52 од вкупно 55-те што ја сочинуваат УЕФА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.РЕАКЦИЈА НА СДС СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри. Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце. Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа. Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија. Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Што му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа.Објави и фотографии. Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја води Мицкоски, дури и во својот говор за Илинден се причина за граѓаните да не можат да го гледаат. Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter