ЖивотАнкета: Германците на возраст од 55 до 75 години се дигитално писмениГерманците на возраст од 55 до 75 години се дигитално писмени, користат онлајн купување, но претпочитаат телевизија и весници.Германците на возраст меѓу 55 и 75 години се дигитално писмени, а активностите како што се онлајн купување, сурфање на паметни телефони и пораки на апликацијата ВатсАп сега се дел од нивниот секојдневен живот, покажуваат резултатите од истражување цитирано од ДПА. Од друга страна, пак, Германците од таканаречената генерација на бејби бумер продолжуваат да се потпираат на медиумите како што се традиционалната телевизија и печатените весници. Ова го покажува студијата на консултантите за менаџмент од Прајсватерхаус Купер (PricewaterhouseCoopers), која треба да биде објавена следната недела и однапред е доставена до ДПА. Во октомври, вкупно 1.000 луѓе на возраст од 55 до 75 години беа анкетирани за онлајн купување и за употребата на медиумите. Според анкетата, 94 проценти имаат паметен телефон, а шест од 10 го користат за сурфање на интернет секој ден. Услугите за пораки и социјалните медиуми исто така играат важна улога во животот на оваа генерација, со 82 проценти кои редовно комуницираат користејќи услуги за пораки преку ВатсАп. Вкупно 34 проценти секојдневно ги посетуваат Фејсбук, платформата за социјални медиуми Х или Инстаграм. Многумина користат онлајн банкарство и онлајн купување еднаш или неколку пати неделно. „Луѓето на возраст од 55 и повеќе години се многу релевантна целна група, чија куповна моќ е клучен двигател на личната потрошувачка во Германија“, вели Кристијан Вулф од Прајсватерхаус Купер. „Во однос на користењето на медиумите и онлајн купувањето, секако има паралели со помладите возрасни групи“, додаде тој. Во истражувањето, 44 отсто од анкетираните ги ценеле придобивките од дигиталната технологија и веруваат дека таа го олеснува животот, помага да се завршат работите побрзо и го олеснуваат контактот со пријателите и семејството. Само 12 отсто веруваат дека дигитализацијата го комплицира секојдневниот живот, додека 44 отсто се согласуваат со тврдењето дека дигитализацијата го прави животот како полесен, така и покомплексен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter