СветАнкета: Две третини од Американците се плашат од можно насилство по изборитеДвајца од тројца Американци велат дека се загрижени дека изборите меѓу демократскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански претходник Доналд Трамп на 5 ноември би можеле да бидат проследени со политичко насилство.Двајца од тројца Американци велат дека се загрижени дека изборите меѓу демократскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански претходник Доналд Трамп на 5 ноември би можеле да бидат проследени со политичко насилство, покажува новото истражување на Ројтерс во соработка со Ипсос. Резултатите од истражувањето на 3.934 возрасни Американци укажуваат на загриженоста на американскиот народ дека може да има повторување на немирите во САД што следеа по поразот на Трамп на изборите во 2020 година, а потоа лажното тврдење на тогашниот претседател дека неговиот пораз е резултат измамата поттикна илјадници следбеници да упаднат во американскиот Конгрес. Трамп уште еднаш ја поставува основата да ги оспори резултатите доколку по втор пат загуби од Бајден. Околу 68 отсто од испитаниците на онлајн анкетата, поточно 83 отсто од демократските поддржувачи и 65 отсто од републиканците, рекле дека се согласуваат со изјавата дека се загрижени дека екстремистите ќе прибегнат кон насилство доколку не се задоволни од исходот на изборите. На севкупно ниво, 15% од испитаниците не се согласуваат со таа изјава, а 16% не биле сигурни. Во неодамнешните интервјуа, Трамп го повтори своето несогласување со изборните резултати и ги карактеризира демократите како измамници на предизборните митинзи. Надвор од њујоршката судница, каде што се одржува неговото судење за плаќање пари на порно ѕвезда со која наводно имал афера, неговите колеги републикански функционери повторија дека му биле украдени изборите во 2020 година. Анкетата, спроведена од 7 до 14 мај, покажа дека републиканците повеќе не веруваат во кредибилитетот на американските избори отколку кај демократите. Само 47% од републиканците рекоа дека се уверени дека резултатите од ноемвриските избори ќе бидат точни и легитимни, во споредба со 87% од демократите кои изразија доверба во таков исход. Анкетата има маргина на грешка од плус или минус 2 процентни поени. Последните избори, на кои Трамп не го призна поразот од Бајден во 2020 година, се одржаа на крајот на турбулентната година обележана со пандемијата на Ковид-19 и жестоки протести за расна еднаквост. Иако десетици судски случаи ги отфрлија тврдењата на Трамп за изборна измама, тогашниот претседател Трамп и неговите сојузници започнаа огромни напори да го спречат Конгресот да ги потврди резултатите, што кулминираше со напад на Конгресот на 6 јануари 2021 година. Околу 140 полицајци беа повредени, еден почина следниот ден, а четворица подоцна се самоубија. Повеќе од 1.400 луѓе беа уапсени поради нивната вмешаност во немирите, а повеќе од 500 од нив беа осудени на затворски казни, според американското Министерство за правда. Меѓу нив се и водачите на екстремистичките групи „Чувари на заклетвата“ и „Горди момчиња“. Трамп ги нарече оние кои се зад решетки „заложници“ и најави можно помилување за некои од нив доколку самиот Трамп се врати во Белата куќа. Неодамнешниот извештај на Ројтерс покажа дека изборните работници, судиите и другите јавни службеници се соочуваат со бран на закани и малтретирање од 2020 година. Анкетата е во голема мера во согласност со слично истражување спроведено во октомври 2022 година, непосредно пред конгресните избори, кое покажало дека 64% од Американците се загрижени за екстремистичкото насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Берово, -1 Лазарополе, Битола, 0 Попова Шапка, Струмица, Скопје – Петровец, 1 Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 6 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Попова Шапка, Прилеп, 3 Крушево, Лазарополе, 2 Битола, Струмица, Претор, Берово, 1 Пожаране, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен со силен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 22. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 22. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ловечки приказни би можела да продолжи и денес. Бидете внимателни да не започнете да ги нервирате другите. Врските се добри. Кариера Веројатно ќе направите мал попис на една тема што ќе ви донесе мало задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои можеби се уморни од сè, некои се вкочанети и не очекуваат ништо повеќе, а некои уживаат во осаменоста. Кариера Целите кон високо ниво, за што се потребни одредени квалитети и квалификации. Бидете сигурни дека имате сè што ви треба. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да комуницирате со пријателите и да ги разрешите вашите љубовни грижи со нивна помош. Кариера Ќе се посветите на два фронта: оној редовен и оној што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Обидете се да живеете поуредно, и тоа е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Покрај малите дневни задоволства во двојка, денеска заедно ќе разговарате за некои подлабоки филозофски теми. Кариера Вашата кариера веќе не е проблематична, туку напротив. Ова се вашите пет минути во деловното работење и искористете најголем дел од нив. Здравје и совети Спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ќе ве направи среќни чувството за дружељубивост, па доколку имате можност ,излезете меѓу луѓе. Кариера Сè што вклучува соработка, контакти и споделување на идеи, ќе ви биде подобро денеска од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе има мала привремена конфузија во комуникацијата со партнерот, и малку фрустрација. Сепак, ќе издржите сè херојски. Кариера Мали дискусии со претпоставените за поставување норми и работни критериуми. Бидете што е можно пореални. Здравје и совет Нервоза Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте колку што е можно поразумни, денеска ќе се потрудите да не зборувате премногу. Тежи секој збор. Кариера Вашите газди ќе бараат одредени активности за кои сметате дека се неразбирливи. Сепак, не се расправајте,туку прифатете. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ако сте во двојка ќе излезете и ќе си поминете одлично. Ако сте сами, излезете па макар и за момент. Кариера Ја сфаќате важноста од воспоставување добра соработка со другите. Тие ви даваат, но сега почнете и вие да давате. Здравје и совет Подобро е да верувате, отколку да се сомневате. Рак 22.6-22.7. Љубов Поканата за дружење ќе биде по ваш избор. Ако ја прифатите и излезете, добро ќе си поминете. Кариера Размислувате како да вклучите професионалци во бизнисот. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совети Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со истовремената потреба за интимност и социјализација, поточно со околината. Кариера Она што другите предлагаат, анализирајте го полека и во мир за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Ослободете се од нездравата исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете упориште во смислата за сочувство кон другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другите. Кариера Не сте сигурни дали отворено да кажете што мислите. Ви недостасуваат повеќе информации за да имате целосна слика. Почекајте Здравје и совет Бидете трпеливи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Одличен ден за дружење, излегување и склопување нови познанства, па дури и преку интернет. Оние што се млади можат да поминат особено добро. Кариера Не двоумете се дали треба да воведете некои иновации во работниот процес. Во исто време, ќе биде важно да го направите тоа на убав начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter