Анкета: 88% од Србите се против влез во НАТО, 84% не сакаат санкции кон Русија - Канал 5

Анкета: 88% од Србите се против влез во НАТО, 84% не сакаат санкции кон Русија

Во новиот број на српскиот неделник „Недељник“ е објавено истражување за ставовите на српските граѓани кон санкциите против Русија и евентуалниот влез на Србија во ЕУ и НАТО.

Анкета: 88% од Србите се против влез во НАТО, 84% не сакаат санкции кон Русија

Според истражувањето, дури 84 отсто од испитаниците не го поддржуваат воведувањето санкции против Русија поради војната во Украина. Само 6,8% од испитаниците поддржуваат санкции, додека 9,2% од нив немаат мислење, објави Недељник.

На санкции би се согласиле 18,8 отсто од граѓаните во случај ЕУ да ѝ се закани со санкции на Србија, додека 60 отсто од граѓаните и во тој случај би биле против воведување санкции против Русија. 21,2% од испитаниците одговориле дека немаат мислење.

25 отсто од испитаниците сметаат дека на Србија ќе ѝ бидат воведени санкции во наредниот период. 41,6 отсто сметаат дека Србија ќе остане на сегашната неутрална позиција. За ова прашање мислење имаат 33,4% од анкетираните граѓани.

Огромно мнозинство од испитаниците се против влез на Србија во НАТО, 88,1 отсто од нив. Само 4,3% од испитаниците го поддржуваат влезот на земјата во Алијансата. Другите немаат став.

„Сите овие домашни политички теми и игри се во длабока сенка на големиот настан на истокот на Европа, кој суштински ја менува планетарната политичка географија. Како реагираше домашното јавно мислење на оваа тектонска геополитичка промена, реагираше спонтано и инстинктивно,покажувајќи речиси неверојатна и безрезервна солидарност и емпатија со руската страна, и тоа до степен што ги запрепасти дури и домашните русофили (веројатно самата Москва) и ги доведе локалните професионални „Европејци“ на работ на хистерија и очај“, коментира Ѓорѓе Вукадиновиќ , главен и одговорен уредник на политичкиот весник Нова Српска за Недељник.

Противставувањето на воведувањето санкции против Русија расте, а поддршката за влез во НАТО никогаш не била помала, вели тој.

„Над 80 отсто од српските граѓани се против воведување санкции против Русија, а тој процент дури е зголемен за околу два отсто во однос на нашата анкета од пред два месеци. Во исто време поддршка за евентуалното членство во НАТО, кое никогаш не беше висока и главно се движеше околу десет проценти, падна на историски минимум. Исто како и поддршката за членство во ЕУ, која сè уште е доста висока (особено кога ја гледаме моменталната состојба на ЕУ), но во значителен и забележлив пад“. вели Ѓорѓе Вукадиновиќ во текстот за новиот Недељник.

24,6 отсто од испитаниците ја сакаат Русија како главен надворешнополитички партнер на Србија. Нешто помалку, 21,4%, сакаат тоа да бидат ЕУ и Германија.

Само 10,6 отсто од испитаниците на тоа место ги гледаат земјите од Балканот, додека Кина 7,2 отсто. Дека САД се добар партнер за Србија, сметаат занемарливи 0,8%. Другите немаат став.

43,6% од испитаниците се против влез во ЕУ, додека 36,2% ја поддржуваат европската интеграција. 20% немаат мислење за ова прашање.

Доколку условот за влез во ЕУ е признавање на независноста на Косово, 82,2 отсто од Србите би биле против влез во ЕУ, 8 отсто би се согласиле со тој услов, а 9,8 отсто немаат мислење за тоа прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 27. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак

Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер