Анима мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје - Канал 5

Анима мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје

Последната глутницата од 15тина кучиња, која преку ноќ се појави во Карпош, го вклучи алармот и кај надлежните и кај здруженијата за заштита на животните.

Анима мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје

Постојат сериозни индиции дека станува збор за организирано внесување и дислоцирање на кучиња кои се нестерилизирани и необележани, велат од Анима Мунди, кои побараа камерите на „Сејф Сити“ да ги лоцираат оние кои проблемот со кучињата го решаваат носејќи ги во Скопје. Дополнително од здружението алармираат дека се лоцирани и кучиња кои се обележани со ушни маркици од Албанија и Косово, што проблемот, велат, го прави уште пострашен и посериозен.

-Да ги прегледаат безбедносните камери во градот, тие кучиња некој организирано ги дислоцира од други места, неверојатно е физичко лице тоа да го прави постојано бидејќи се работи за огромна бројка на кучиња кои реално треба да си стручен за да ги заловиш. Претпоставка е дека ова е организирано од другите општини. Може да се види каде се оставени точно и кој ги оставил, дополнително бараме и од ЗЕЛС како градоначалници, да седнат на маса и да се договорат дека ова не може да си го прават едни на други,- - Гизела Бошковска – Анима Мунди.

Засилен надзор и санкционирање на ваквите појави побараа и од ЈП „Лајка“ кои од утринава се на терен за хумано и безбедно заловување на кучињата на локацијата, на која велат дека само во изминативе два месеца се заловени 19. Од Град Скопје за Канал 5 велат дека интензивните акции на терен ќе продолжат до решавање на состојбата, а посочија дека веќе се во комуникација и со МВР.

-Градот Скопје стапува во контакт со МВР за засилени контроли на сите типови возила на влезовите во главниот град, но и во внатрешноста на градот со цел пресретвнување на евентуално транспортирање на кучињата, за што постојат сериозни индиции. Дополнително, во координација со МВР во предвид е користење на камерите на „Сејф Сити“ за да се дојде до предизвикувачите на ваквата состојба која ја загрозува јавната безбедност. Дотогаш, ЈП „Лајка“ интензивно ќе работи на решавање на проблемот на терен. – Град Скопје.

Од О. Карпош пак велат дека будно ја следат состојбата и дека се во постојана комуникација со Град Скопје и „Лајка“ и дека во соработка со градот интензивно ќе работат на изнаоѓање на решение за моменталната состојба, но и за трајно решавање на проблемо со уличните кучиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица

„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ 

Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица

„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ по одлуката на Вишиот управен суд да ја поништи одлуката со која беше запрено спојувањето на концесиите за експлоатација на рудникот кај Иловица – Штука. Од таму велат дека пресудата не значи „зелено светло“ за работа на концесионерот Еуромакс, туку, судот само утврдил процедурални пропусти во владината одлука од 2023 за поништување на спојувањето на концесиите. Според нив, Вишиот управен суд не се произнел по суштинското прашање, дали концесиите се законски оти одамна се истечени роковите според Законот за минерални суровини. Од еколошкото движење за Канал 5 велат дека втор дом немаат, и дека за единствениот жестоко ќе се борат.

-Ние сме тука, ние ќе се бориме, а тие колку имаат желба да трошат енергија и ресурси за да се борат со нас, треба да им биде јасно. Треба да им биде јасно, ние втор дом немаме, тој е еден, па ако мислат дека туку така лесно ќе поминат преку нас мислам дека се лажат. Нас не ни е нешто ново, ние некогаш на мајтап си велиме ние се дома, тие доаѓаат кај нас, ние друга опција освен да се браниме и да штрајкуваме, и да вршиме притисок на властите бидејќи властите беа тие кои ни ветуваа. Ова што ни се случува од нашиве власти е играње – мачка и глушец- Цветанчо Ѓорѓиев – Еко-движење „Здрава Котлина“

Од „Здрава Котлина“ додаваат дека е симптоматично што државата не ја обжалила одлуката во предвидениот рок и дека Владата и натаму има механизми да го одбие спојувањето на концесиите на Еуромакс. Тие велат дека Струмица и 70тина села од околината ја користат подземната вода која при експлоатација би се загадила со сулфур и цијанид.Од владата пак, по одлуката порачаа дека станува збор за наследен процес од претходната влада и дека судската одлука мора да се почитува, но и еколошките стандарди.

-Приоритет останува создавање на услови за економски раст, нови инвестиции и отварање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почирување на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. - Влада на Република Македонија

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со концесионерот „Еуромакс“ која го развива проектот Иловица – Штука и доби концесии во 2012 година за став, но до подготовка на прилогот не добивме одговор одговорија. Дел од медиумите пак пренесуваат дека од компанијата пресудата ја толкуваат како целосно враќање во сила на одобрението за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“, а воедно и дека очекуваат комуникација со властите за да го финализираат новиот договор, потребен за натамошен развој на проектот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува амандманска расправа за предлог законот за правична застапеност во Собранието

Во Собранието втор ден амандманска расправа за предлог законот за соодветна и правична застапеност.

Продолжува амандманска расправа за предлог законот за правична застапеност во Собранието

Власта и опозицијата се обвинуваа дали предлог законот, кој треба да го наследи укинатиот балансер, го регулира или злоупотребува вработувањата во администрацијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услуги

Исплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени, уверуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услуги

Реакцијата оттаму доаѓа по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија во кој утврди слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Ревизијата утврди и дека приходите од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година се зголемиле за 14 отсто но тоа не било доволно за полривање на расходите за пензии кои и понатаму бележат раст. Од ПИОМ велат и дека предмет на ревизија е 2024 година кога со фондот раководел кадар на претходната влада.

Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување. Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот.

Околу стабилноста на вториот пензиски столб денеска реагираше и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Повикувајќи се на изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека корисниците на овој столб нема да бидат задоволни, Филипче тврди дека е оправдана загриженоста кај пензионерите.

Околу прашањатра поврзани со обврските и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб, од ПИОМ истакнуваат и дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер