Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации
1Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации
КултураАнглиски и француски продуценти посетија локации низ МакедонијаМинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше средба со претставници на раководствата на филмските продукции „Marnie Digital“ од Франција и „2017 Films“ од Велика Британија, кои на покана и по претходно остварената средба со неа во Париз, неколку дена престојуваат во Македонија.Продуцентите од Франција и Велика Британија активно работат на заедничко филмско остварување - француско-англиска копродукција во која ќе бидат вклучени светски познати актери, а снимањето ќе почне на крајот од 2017 година. - Продуцентите изразија подготвеност својот следен интернационален високобуџетен филмски проект кој го реализираат заедно да го снимаат во нашата земја, која во филмската дејност се етаблираше како дестинација со интересни филмски локации и атрактивни стимулативни мерки, како што се правото на поврат на ДДВ и ниски даноци. На средбата министерката за култура ги афирмираше заложбите на Владата во областа на филмската дејност, а ги акцентираше и измените на Законот за филмска дејност со кои значително е олеснета соработката со странските продукциски куќи кои веќе се заинтересирани да снимаат во Македонија, соопшти Министерството за култура. Продуцентите се заинтересирале во тој голем интернационален проект да учествуваат и продукциска куќа и филмски професионалци од Македонија, а музиката за филмот да ја компонираат наши автори. Посетиле неколку локации во Битола и во Прилеп и ги запознале потенцијалите и природните ресурси што ги поседува Македонија за снимање големи филмски проекти. Ја посетиле и локацијата во општина Зелениково каде е предвидено да се изгради филмско студио. Гостите, како што соопшти Министерството за култура, оствариле и средби со повеќе македонски актери и композитори и со наши компании за продукција и постпродукција, меѓу кои „ФХ3Х“, „Вертиго“, интернационалниот оркестар ФАМЕС.., со кои се можни конкретни соработки во иднина. - Претставниците на реномираните компании најавија дека во јуни годинава, кога се очекува да бидат прецизирани повеќе аспекти од реализацијата на нивниот филм, повторно ќе дојдат во Македонија кога ќе посетат нови локации и ќе остварат средби со македонски композитори кои веќе работеле на интернационални филмски проекти, додава Министерството за култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуацииНа подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство. Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност. На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„WFP“: Гладот се влошуваСветската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс. Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели. Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции. Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата. „Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим. Извор: Б92Тагови: WFP Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина КарпошОпштина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница. По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook