Англија подобра од Шкотска во островското дерби - Канал 5

Англија подобра од Шкотска во островското дерби

Десет натпревари од квалификациите за Светското фудбалско првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија се одиграа во текот на вчерашниот ден, а во британското дерби, Англија ја совлада Шкотска со убедливи 3:0.

Англија подобра од Шкотска во островското дерби
Највисока победа забележа Германија, а многу важни бодови освои Полска на гостувањето кај Романија.

Постигнати резултати:

А група: Франција – Шведска 2:1.

Табела: Франција 10 бодови, Шведска 7, Холандија 4, Бугарија 3, Белорусија 2 и Луксембург 1.

Ц група: Сан Марино – Германија 0:8, Северна Ирска – Азербејџан 4:0 и Чешка – Норвешка 2:1.

Табела: Германија 12 бодови, Северна Ирска 7, Азербејџан 7,
Чешка 4, Норвешка 3 и Сан Марино 0.

Е група: Ерменија – Црна Гора 3:2, Романија – Полска 0:3 и Данска – Казахстан 4:1.

Табела: Полска 10 бодови, Црна Гора 7, Данска 6, Романија 5, Ерменија 3, Казахстан 2.

Ф група: Словачка – Литванија 4:0, Малта – Словенија 0:1 и Англија – Шкотска 3:0.

Табела: Англија 10 бодови, Словенија 8, Словачка 6, Литванија 5, Шкотска 4, и Малта 0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Signal“ го блокира снимањето на екранот

„Signal“ воведува нови ограничувања за снимање на екранот со цел да ги спречи агентите со вештачка интелигенција да пристапуваат до размените на пораки на мобилните телефони.

„Signal“ го блокира снимањето на екранот

Овие нови поставки ќе бидат овозможени по дифолт и ќе ги блокираат обидите за снимање на екранот, со што ќе им се отежне на системите со вештачка интелигенција да ги читаат пораките преку визуелен пристап до содржината на апликацијата, пренесува Ројтерс.

Кога „Signal“ ќе открие обид за снимање на екранот или пристап до него преку „AI“-асистент, до корисникот ќе стигне известување кое нуди можност за исклучување на оваа заштита.

Оваа одлука доаѓа како одговор на сè почестата употреба на агенти со вештачка интелигенција – системи кои можат да ја гледаат содржината на екранот на корисникот, да собираат информации од различни апликации и самостојно да извршуваат задачи, како што се одговарање на е-пораки, закажување состаноци или вршење онлајн купувања.

Истовремено, од „Signal“ предупредуваат дека сè поголемата интеграција на вештачката интелигенција во уредите претставува сериозна закана за приватноста на корисниците.

Од „Signal“ се особено загрижени што ваквите можности сè повеќе се вградуваат директно во оперативните системи, вклучително и во оние што ги поддржуваат „Siri“ и „Gemini“.

„Signal“ користи енд-ту-енд енкрипција (E2EE), што значи дека само учесниците во разговорот можат да ја читаат неговата содржина. Сепак, агент со вештачка интелигенција кој има пристап до екранот би можел да направи снимка од пораката, да го препознае текстот и да го пренесе во сопствените системи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Двајца дански државјани се осомничени дека планирале убиство на украински рапер, по налог на руската разузнавачка служба, пред неговиот настап во Данска. 

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Оваа информација ја објави данската телевизија ДР, повикувајќи се на податоци од судското рочиште, пренесува Ројтерс.

Полицијата спречила обид за атентат и уапсила двајца мажи непосредно пред концертот на раперот познат како „Киевстонер“. Настапот бил закажан за 25 септември, но бил откажан по апсењата. Данската телевизија известува дека двајцата мажи пред судот изјавиле оти не се чувствуваат виновни.

Поради сомневањата за планиран атентат, најавени се прес-конференции на Данската безбедносна и разузнавачка служба (PET), министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерот за правда Николај Вамен.

Нејасни детали од истрагата

Данската безбедносна служба „PET“ уште во септември предупреди дека Русија се обидува да регрутира дански државјани за планирање саботажи против одбранбени компании кои соработуваат со Украина. Сè уште не е познато како полицијата ги идентификувала двајцата осомничени, кои биле запрени во возило во кое имало повеќе парчиња оружје.

Не е разјаснето на кој начин руските разузнавачки служби наводно ги регрутирале двајцата дански осомничени.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенк

Во неколку италијански градови избија инциденти за време на генералниот штрајк.

Голем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенк

Во Милано беше запален тенк од картон, во Џенова беа фрлани димни бомби и јајца, а во Рим беа прекриени таблите со цените на горивата.

Генералниот штрајк, на кој денеска повика синдикатот „CGIL“, се одвива низ цела Италија, а во него учествуваат работници од јавниот и приватниот сектор, пренесува „Adnkronos“. Во акцијата се вклучија и синдикатите „COBAS“ и „USB“, како и други работнички организации, при што се организирани протести на околу 100 јавни плоштади низ целата земја.

Штрајкот опфаќа различни сектори, од транспорт и образование до јавни услуги. Во Милано, за време на студентски марш, демонстрантите запалија картонска реплика на американски тенк во близина на Конзулатот на САД.

На чело на поворката беа носени фигури на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прикажани како држат пушки. Демонстрантите го изразија своето противење кон милитаризацијата и војната, извикувајќи: „Влада што поттикнува војни – не ги сакаме вашите војни“.

Во Џенова, студенти кои учествуваа во марш против милитаризацијата фрлаа јајца кон седиштето на „Конфиндустрија“ (Генерална конфедерација на италијанската индустрија) на улицата „Виа Фјуме“. Пред влезот беше поставен картонски ковчег со натпис „тројца работници дневно“, а беа фрлени и димни бомби. Во Рим, двајца млади мажи со качулки се приближија до бензинска пумпа за време на студентскиот марш и ги прекрија таблите со цените на горивата со налепници на кои беше испишана бројката нула. Маршот започна на плоштадот „Пјацале Остиенсе“, при што учесниците протестираа против државниот буџет, војните, повторното вооружување и високите трошоци за живот. Протестот продолжи со пароли како: „Ние нема да ја плаќаме војната“.

За време на маршот, пред Колосеумот, студентите им оддадоа почит на работниците кои загинале на своите работни места, оставајќи жолт заштитен шлем испрскан со црвена боја – што ја симболизира крвта на жртвите. Во Рим се појавија и графити насочени против премиерката Џорџа Мелони и настанот „Атреју“, организиран од политичките сили од десниот центар.

Главниот протестен марш, организиран од синдикатот „CGIL“ во Рим, започна во 9:30 часот на плоштадот „Виторио Емануеле II“. По завршувањето на собирот на улицата „Деи Фори Империјали“, синдикатот соопшти дека на маршот учествувале 50.000 луѓе.

На протестот учествуваа генералниот секретар на „CGIL“, Маурицио Ландини, заедно со лидерката на Демократската партија, Ели Шлајн, и лидерот на Движењето „Пет ѕвезди“, Џузепе Конте.

Во Торино беа организирани два одделни протестни марша. Едниот, организиран од „CGIL“, собра илјадници работници и пензионери кои пристигнаа од различни делови на покраината. Вториот марш обедини стотици студенти од колективите „Оса“ и „Камбиаре Рота“, како и членови на синдикатот „USB“. Учесниците протестираа против повторното вооружување, високите трошоци за живот, кратењето на средствата за јавниот сектор и несигурните форми на вработување.

Според медиумските извештаи, штрајкот може да предизвика нарушувања во јавниот превоз – вклучувајќи ги автобуските, трамвајските и метро линиите – при што конкретните услови и времетраењето на прекинот на работа се разликуваат од град до град. Штрајкот влијаеше и врз училиштата, каде што синдикатите, исто така, организираа протестни активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер