Англија, Белгија и САД нови осминафиналисти на Светскиот шампионат - Канал 5

Англија, Белгија и САД нови осминафиналисти на Светскиот шампионат

Англија со резулатски пресврт го победи одличниот Конго, фаворизираната Белгија со неверојатен финиш се врати од бездната против сенегал, а домаќинот САД минимално беше подобар од БиХ.

Англија, Белгија и САД нови осминафиналисти на Светскиот шампионат

Фантастичниот Хари Кејн не дозволи нови изненадување на Мундијалот. Со два гола најдобриот англиски голгетер обезбеди голема победа за својата селекција која скоро 70 минути беше во негатива против одличниот тим на Конго.

Белгија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако го совлада Сенегал со 3:2 по продолженијата, во драматичен натпревар одигран во Сиетл.

Белгијците дојдоа до победата со неверојатен пресврт во завршницата, откако губеа со 2:0 сè до 86-тата минута. Во финишот на регуларниот тек проработе Ромален Лукако кој со два гола го однесе мечот во продолженија.

Во следната рунда од нокаут-фазата, Белгија ќе игра против САД. Сенегал доминираше и поведе Почетната иницијатива на Сенегал вроди со плод во 25-тата минута.

Белгија продолжи да врши притисок во продолженијата, иако и Сенегал имаше свои шанси. Ибрахим Мбаје ја пропушти најдобарата можност во 109. минута, не успевајќи да постигне гол од поволна позиција. Можеа скапо да платат за тоа во 118. минута кога, по една одлична акција, Лукебакио се најде сам пред голот, но ја погоди стативата. Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе се решава со изведување пенали, настапи одлучувачкиот момент.

Во 119. минута, по проверка преку ВАР, на Белгија ѝ беше досуден пенал поради прекршок врз Тилеманс. Самиот Тилеманс ја презеде одговорноста и погоди од белата точка во петтата минута од судиското надополнување, со што ја потврди победата од 3–2 и предизвика големо славје во таборот на Белгија.

Фудбалерите на Босна и Херцеговина беа елиминирани во шеснаесеттина-финалето на Светското првенство во фудбал, по натпреварот против САД, во кој домаќинот во предградието на Сан Франциско победи со 2:0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата.

Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство.

„Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски.

Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето.

Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори.

СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија.

Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид.

Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор.

Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер