Англичаните шокирани: Семејство со недели дома чувало тело на мумифицирана жена - Канал 5

Англичаните шокирани: Семејство со недели дома чувало тело на мумифицирана жена

Семејство по потекло од Јапонија, кое првично било обвинето за шест недели криење на „мумифицираните“ останки на член на семејството во спалната соба, нема да биде кривично гонето.

Англичаните шокирани: Семејство со недели дома чувало тело на мумифицирана жена

Телото на Рина Јасутаке (49), уметница која работела на Универзитетот Кембриџ, било пронајдено во септември 2018 година на душек во куќа во Хелмсли, Северен Јоркшир. Нејзината мајка Мичико Јасутаке (78), сестрата Јошика Јасутаке (55) и братот Такахиро Јасутаке (49) го чувале нејзиното тело шест недели по нејзината смрт, иако веќе било во фаза на распаѓање.

Полицијата го пронашла телото откако локална фармацевтка им кажал дека семејството од неа купувало големи количини хируршки алкохол и дека „мирисаат на мртви тела“.

Мичико, Јошика и Такахиро во октомври минатата година се изјасниле за невини за спречување на погребот во согласност со законот, а судот вчера одлучил дека нема да бидат осудени. На семејството му се заканувало затворска казна, парична казна, но и максимална казна доживотен затвор.

„Тројца обвинети страдаат од исклучително ретка ментална болест“, изјавил вчера судијата Шон Морис за Дејли Меил.

За време на судењето во октомври 2019 година, обвинителката Сара Тајрер рекла дека полицијата ги пронашла посмртните останки на Рина откако фармацевтка ја повикала полицијата загрижена за големото количество хируршки алкохол што семејството го купувало.

Таа рече дека коментирале за тоа како го користеле за да го исчистат лицето по име Рина Јасутаке и дека мирисале на мртви тела.

„Подоцна истиот ден, полицијата дојде на адресата и ја најде починатата во спална соба на душек во напредна фаза на распаѓање што довело до очигледна мумификација“, изјави Тајрер пред судот.

Судијата Морис одлучила дека обвиненијата против членовите на семејството ќе останат во досието, но дека нема да бидат осудени под услов да бидат следени од социјалните служби. Таа објасни дека тоа се „многу невообичаени околности“ на злосторство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер