Англичаните ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула

Англиските репрезентативци ќе добијат бонус од 9,6 милиони фунти доколку ја освојат титулата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија.

Информацијата денеска ја објави лондонски „Сан“.

Според истиот извор, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно ќе добие бонус од четири милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕВРО2024.

Англија вечерва го почнува настапот на ЕВРО2024 против Србија.

Избраниците на Саутгејт на 20 јуни ќе играат со Данска, а на 25 јуни со Словенија.

Украинец снимал Македонка преку прозорец, додека била на одмор во Пула- доби кривична пријава

Полицијата на Пула ја заврши кривичната истрага против 19-годишен украински државјанин осомничен за сторени кривични дела неовластено снимање и нарушување на интегритетот на дом и деловен простор.

Полициските службеници утврдиле дека на 14 јули, околу 17,00 часот, младиот човек преку прозорец во туристички објект во областа Пула фотографирал 31-годишен државјанка на Македонија, објави Индекс.

31-годишната жена потоа му го зела мобилниот телефон, поради што 19-годишникот се качил низ прозорецот и ја замолил да му го врати мобилниот телефон, што таа го направила откако тој ги избришал фотографиите што ги направил.

Кривичната пријава против осомничениот е поднесена до надлежниот државен обвинител.

Меси е тешко повреден, прогнозите не се добри

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси заработи повреда на лигаментите на десниот зглоб во финалето на Копа Америка одиграно во неделата, потврди неговиот клуб Интер Мајами.

Меси беше соборен пред крајот на првото полувреме, а беше заменет во 66. минута.

Во исто време, тој куцаше и во солзи го напушти тревникот на стадионот Хард Рок во Мајами и продолжи да го гледа финалето од клупата, во кое Аргентинците по 16-ти пат ја освоија Копа Америка совладувајќи ја Колумбија со 1:0, гол на Лаутаро Мартинез во судиското продолжение, во 112. минута. Интер Мајами моментално е втор на табелата во Источната конференција на МЛС.

„По лекарскиот преглед, беше утврдено дека Лео Меси заработил повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб. Кога капитенот ќе може повторно да игра ќе се утврдува со периодични проценки, а ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување. “, се вели во соопштението на клубот.

Осуммина загинати во голем пожар во трговски центар во Кина, десетици се заробени(ВИДЕО)

Осум лица загинаа, а десетици останаа заробени во зградата откако денеска избувна пожар во трговски центар во Кина, јавува кинеската државна телевизија CCTV.

Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време во трговски центар во градот Зигонг, во кинеската провинција Сечуан. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат огромен облак од црн чад што се издига над 14-катницата.

Речиси 300 работници за брза помош и десетици возила пристигнале на местото на настанот. Противпожарната единица го изгаснала пожарот во 20 часот и 20 минути. Од центарот се спасени 30 лица. Не е познато колкумина се уште се заробени. Во јануари избувна пожар во зграда во Кина, при што загинаа најмалку 39 луѓе. Неколку дена пред тоа изгоре интернат во провинцијата Хенан, при што загинаа 13 деца, пишува CNN.

притисни ентер