ФудбалАнгличаните ги избраа 35-те најдобри фудбалери на сите времињаЉубителите на најважната споредна работа на светот, фудбалот повторно отворија дебата за тоа - кој е најдобриот играч на сите времиња? Секако одговорот на ова прашање никогаш не е едноставен, особено затоа што навивачите често се пристрасни кон своите идоли и клупски легенди. Сепак едно е сигурно на оваа листат скоро секогаш се пристутни имињата на фудбалските великани Лионел Меси, Диего Марадона,Пеле, Кројф, Кристијано Роналдо, очекувано нивниот редоследот секогаш варира. Не е изненадувачки што сите овие великани се наоѓаат и на листата на англискиот портал GiveMeSport, кој состави листа од 35 најдобри фудбалери во историјата. За да се создаде што е можно пообјективна листа, беа земени предвид неколку клучни фактори. Првиот е важноста за тимот, што вклучува голови, асистенции или, во случај на дефанзивци и голмани, непримен гол. Едноставно кажано, колку е поголем придонесот, толку е повисока позицијата на листата. Вториот критериум се клупските и меѓународните трофеи. Играчите кои одиграле клучна улога во освојувањето на големи натпреварувања се рангираат повисоко бидејќи освојувањето трофеј е врвот на професионалната кариера. Третиот критериум се индивидуалните награди. Бидејќи некои врвни играчи не секогаш биле во тимови кои се бореле за трофеи, личните признанија како што е Златната топка се исто така важен фактор во конечниот ранг. Според овие критериуми од 35 до 30 место се избрани фудбалерите, Сер Стенли Метјус, Герет Бејл, Мануел Ноер, Карлос Алберто, Кака и Ривалдо. Од позицијата 29 до 20 се : Роберто Баџо, Џорџ Бест, Руд Гулит, Тери Анри, Лотар Матеус, Лука Модриќ, Чави, Ромарио, Инеста и Роналдињо. На 19 место е легендарниот русин Лав јашин а пред него до 11 место се , Боби Чарлотн, Марко ван Бастен, Еузебио, Франко Барези, гаринча, Паоло Малдини, Герд Милер, и Мишел Платини. Елитната Топ десетка ја отвора легендарниот Унгарец, Ференц Пушкаш, девети е Бразилецот Ронадло Назарио, пред него на позициите 8 ,7 и 6 се Зидан Франц Бекенбауер и Алфредо Ди Стефано. Во првата петорка на најдобрите светски фудбалери според GiveMeSport се големите фудбалски асови, Холанѓанецот Јохан Кројф е на петтата позиција, славните јужноамериканци Диего Марадона од Аргентина и Пеле од Бразил се на местото 4 и три, титулата јнајдобар светски фудбалер на сите времиња според овој избор ја понесува осумкратниот добитник на Златната топла Лионел Меси, а на второто место е негповиот голем ривал Португалецот Кристијано Роналдо. Лионел Меси е играч број еден на листата на најголемите на сите времиња. Дефинитивниот момент се случи во декември 2022 година, кога го освои Светското првенство со Аргентина, единствениот трофеј што му недостасуваше. Меси ја освои Златната топка осум пати, има четири титули во Лигата на шампионите и десет титули во шпанското првенство. Во 2012 година, тој постигна неверојатни 91 гол, рекорд што сè уште изгледа недостижен. Неговата способност да ги дрибла противниците и да создава моменти на чиста магија го прави, за многумина, најголемиот играч во историјата.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаКривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во СкопјеОд страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на бул."Партизански Одреди" кај крстосницата со ул."29-ти Ноември" во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл "сузуки" со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје. Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, "безобѕирно управување на моторно возило" и по член 298 од Кривичниот законик- "загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВодител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту мигСветската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути. За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат. „Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката. Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски. Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски. Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму. „И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике. Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер. Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“. Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час. Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
БизарноМаж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија. Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди. „Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата. Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter