Анѓушев: „Ником" позитивен пример за имплемнтација на ИПАРД програмата

Тоа е нешто што многу години му недостасува на македонското земјоделство, односно изградба на откупни центри во кои земјоделците ќе може да ги пласираат своите производи и тие организирано понатаму да се продаваат.

Претпријатието за откуп и чување на земјоделски производи „Ником" е позитивен пример на имплементација на ИПАРД програмата и во него се прави токму она што му треба на македонското земјоделство, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски го посети првиот откупен центар во Општина Градско.

– Тоа е нешто што многу години му недостасува на македонското земјоделство, односно изградба на откупни центри во кои земјоделците ќе може да ги пласираат своите производи и тие организирано понатаму да се продаваат. Тоа е единствен начин како да се подигне производната цена на земјодлските производи и да се заштитат земјоделците. Следен чекор е да се направат преработувачки центри за да не се продаваат земјоделските производи само свежи и разладени, туку и преработени, изјави Анѓушев.

За таа намена, како што рече, од годинава веќе се предвидени средства во Законот за финансиска поддршка на инвестициите и интензивно се разговара со големите центри и ланци за снабдување од развиените земји за да се охрабрат да дојдат во земјава и да направат преработувачки центри за земјоделски производи.

Тој посочи дека е информиран од сопствениците на „Ником" дека веќе завршил откупот на кајсијата и оти е во тек откупот на праската, за која има обезбеден пласман, како и дека веќе им се исплатени средствата на земјоделците за откупеното овошје.

– „Ником" има 59 вработени, а планираат и можно проширување. Како Влада ќе направиме се да ги охрабриме да продолжат со инвестициите. Важно е дека се повеќе компании се охрабруваат да аплицираат за средства од ИПАРД програмата, рече Анѓушев.

Тој прецизира дека од програмата ИПАРД 1, чија реализација траеше до 2013 година, се искористени само 13 проценти, а преку ИПАРД 2 програмата, која има уште две години за имплементација, веќе има двојно поголем процент на реализација и се очекува до крајот да биде рекордна во регионот.

Министерот Димковски оцени дека „Ником" е модерен објект во кој се запазени сите стандарди што ги бара пазарот.

– Примарното земјоделство без доработките и разладните системи не може да ја оствари целта, бидејќи земјоделецот не само што се бори со пазарот, туку се бори и со времето, односно ако денеска биде обрана праската, денеска мора и да се продаде. Преку разладување и складирање може повеќе денови да трае производот се со цел да се чека подобра цена и подобри услови на пазарот, рече Дикоковски.

Тој истакна дека откупните центри како „Ником" треба да се шират, а ресорното Министерство, додаде, и понатаму ќе продолжи да создава позитивна бизнис клима во секторот.

Директорот Бабовски рече дека „Ником" е добар пример за семеен бизнис кој оди во нагорен тренд, а токму ИПАРД програмата е таа која ги поддржува таквите бизниси.

– Доказ за тоа се 947 потпишани договори од првиот повик на ИПАРД 2 прграмата во висина од 21,7 милиони евра кои се ставени во функција на македонското стопанство. Од третиот повик имаме имплементирано уште 20 нови договори во износ од два милиони евра, а во план се апликации за искористување уште 18 милиони евра од новите повици. Тоа значи дека во овој момент на стопанството преку ИПАРД програмата му стојат на располагање околу 40 милиони евра, рече Бабовски и додаде дека на корисниците им се исплатени 5,1 милиони евра.

Тие пари, според него, на некој начин ги поевтинуваат земјодеслите производи и ги прават поконкурентни на домашниот и на странските пазари и им помагаат сите делови на агросекторот да ги достигнат стандардите на ЕУ.

Сопственикот на „Ником", Ристе Јанев појасни дека објектот е изграден со сопствени средства во износ од 24 милиони денари, а разладните уреди кои чинат 6,2 милиони денари се набавени со средства од ИПАРД 2 програмата.

Градоначаникот на Општина Градско, Роберт Бешовски посочи дека „Ником" е добар пример за откуп на земјоделски производи, бидејќи за само неколку дена им ги исплаќа средствата на земјоделците за откупените производи. Тој ги повика земјоделците од Градско и околните општини да ги предаваат своите производи во овој откупен центар.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“.

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер