Анѓушев на средби со стопанственици во Штип и во Кочани

 Анѓушев денеска ќе ја посети и индустриската зона Кочани каде ќе изврши обиколка на производствените капацитетите на „Руен Инокс" и „Пејпер Мил" и ќе има средби со менаџментот.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска пред стопанственици од Регионалната комора во Штип ќе ги презентира измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Предлог законот за субвенционирање на придонесите за задолжително социјално осигурување.

Презентацијата на мерките е согласно со активните политики на Владата за користење на средствата за финансирање на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за покачување на платите на вработените до 6000 денари.

Анѓушев денеска ќе ја посети и индустриската зона Кочани каде ќе изврши обиколка на производствените капацитетите на „Руен Инокс" и „Пејпер Мил" и ќе има средби со менаџментот.

Фото: Популарниот „аквамен“ има нова девојка

Холивудскиот заводник, актерот Џејсон Момоа, еден од најпосакуваните мажи на светот, има нова девојка! 

Филмскиот херој „аквамен“потврди дека е во врска со колешката Адриа Архон, споделувајќи романтични фотографии со својата избраничка од Јапонија на Инстаграм.

Новобрачната двојка ужива во патувањето низ азиската земја, а на социјалните мрежи споделија некои детали од оваа авантура.

На една од фотографиите Џејсон Момоа ја прегрнува насмеаната Адрија додека вечераат со пријателите, а на друга парот е насмеан и опуштен покрај морето.


Згодниот 44-годишник во описот на фотографиите ја нарече убавата бринета „љубов моја“ велејќи дека со неа споделил уште една возбудлива авантура и дека Јапонија е остварување на неговите соништа.

Момоа зад себе има брак со актерката Лиза Бонет, со која има две деца, но парот ја прекина врската во 2022 година и официјално се разведе оваа година.

После тоа, тој немаше јавна девојка, иако е познато дека извесно време се гледаше со колешката Еиза Гонзалес, која патем неверојатно наликува на Адриа.

Постекоглу бара од Тотенхем да ангажира најмалку тројца играчи на лето

Анже Постекоглу побара од Тотенхем да ангажира најмалку тројца играчи ова лето, објавија британските медиуми.

Се известува дека главниот тренер на тимот е реален за обемот на аквизиции што може да се направат во еден преоден рок, но клубот има одредена резерва на средства што не ги надминува финансиските правила на Премиер лигата.

Така, меѓу потенцијалните нови играчи, австралискиот стручњак цели кон купување на напаѓач и централен фудбалер за врска.

Во оваа фаза не е јасно која е приоритетната цел на Спарс, но клубот размислува за трансфер на напаѓачот на Брентфорд, Иван Тауни и веќе неколку месеци го следи играчот од средниот ред на Челзи, Конор Галагер.

Почна 61. Драмски аматерски фестивал на Македонија во Кочани

Шеснаесет домашни театарски ансамбли и групи, како и гости од Република Србија ќе се натпреваруваат за една од наградите на 61. Драмски аматерски фетивал на Македонија (ДАФ), што синоќа почна во Кочани.

Под мотото „Знаеме што сме, не знаеме што можеме да бидеме“, фестивалот го отвори градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов нагласуваjќи го значењето на аматерското движење како основа на професионалниот театар и повика актуелните театарски и филмски имињa, кои ја почнале својата кариера од сцената во Кочани, да дадат поддршка во негувањето на драмскиот аматеризам.

-Годинава, кога Кочани слави 100 години од фудбалот во градот, 80 години од загинувањето на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, борците на кои им ја должиме слободата, 100 години од раѓањето на уметникот и хуманист Стево Теодосиевски, Драмскиот аматерски фестивал влегува во својата седма деценија. Кочани знае да ја цени уметноста, знае да создаде историја. Ако беше лесна организацијата ќе ни го земеа, затоа да го чуваме одговорно, да го негуваме и да ја одржуваме традицијата, истакна Папазов во своето обраќање.

Фестивалот го отвори претставата „Вечера за глупаци“ во изведба на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес. За првпат по повеќе години градот домаќин на ДАФ нема пријавено своја претстава за учество. До 26 мај, публиката ќе може да проследи по три претстави дневно - во пладневниот, вечерниот и ноќниот термин.

Претседателка на Драмскиот аматерски фестивал е Кристина Атанасова Арсова, селектор е Игор Џамбазов, а за најуспешните претстави и за наградите ќе решава жирито што го сочинуваат актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов.

притисни ентер