Анѓушев: До крајот на 2020 година просечната плата во државата ќе биде 30.000 денари

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.

-Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во спредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме. Со мерките што ќе ги предложи Владата после септември очекуваме растот на платата да биде позабрзан во следната година врз база на развојот на реалната економија, а не врз проекти што само Владата ги финасира, изјави Анѓушев во одговор на прашање при денешната посета на Општина Градско.

Најави дека Владата има намера да им помогне на компаниите како да ги зголемат платите на своите вработени и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, зашто, како што рече, токму за тоа е пресудна платата.

-Имаме механизм како да им помогнеме на компаниите. Се разбира тие треба да издвојат најголем дел од средствата за зголемување на платите, но ние како држава во еден дел на придонесите можеме да им помогнеме, одсобено на најранливите категории и најниските плати како тие да се зголемат и при тоа да се обезбедат подобри услови за живот на сите граѓани во државата. Тоа треба да биде определба не само од политички причини, туку и за да обезбедиме долготраен и одржлив развој на економијата, бидејќи економија без луѓе нема, а луѓето мора да ги направите задоволни за да останат во државата, потенцира Аѓушев.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер