Ангеловски: Ја следиме состојбата на фудбалерите, дел од нив се чувствуваат подобро - Канал 5

Ангеловски: Ја следиме состојбата на фудбалерите, дел од нив се чувствуваат подобро

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски потврди дека осум фудбалери од утринските часови почнале да се жалат на стомачни мачнини.

Ангеловски: Ја следиме состојбата на фудбалерите, дел од нив се чувствуваат подобро

За македонската репрезентација ова претставува дополнителен проблем пред утрешниот натпревар против Лихтенштајн од Лигата на нации, бидејќи поради вироза надвор од тренажен процес се Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Давид Митов Нилсон, Стефан Спировски, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Бобан Николов.

- Информација за вирусот е точна, а фудбалерите веднаш беа испратени на испитување. Станува збор за вирус. Нивната состојба се следи, а дел веќе се чувствуваат подобро и ќе видиме кој од нив ќе биде подготвен да помогне, истакна Ангеловски.

Селекторот на македонската репрезентација нагласи дека на натпреварот против Лихтенштајн ќе одат само на победа и нема да калкулираат.

- Фокусирани сме само на Лихтенштајн и нема да калкулираме со составот. Ги имаме сите потребни информации за противникот. Бевме со иста група со овој противник и претходно, но секој меч е различен. Лихтенштајн има поразличен тим отколку во квалификациите, одиграа добро на првите два меча, но играат колку што ќе им дозволи противникот. Се надевам дека моите момци нема да им дозволат да играат. Ќе го дадеме максимумот и ќе победиме, наведе Ангеловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер