Ангеловска: УЈП има поддршка од Министерството за финансии за интензивна дигитализација

Реализирањето на функциите на државата, преку полнењето на Буџетот е заедничка обврска на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи - едната го обезбедува со прилагодување на регулативата, а другата оперативно. 

Високиот процент на реализација на буџетските приходи - над 79 проценти кај даноците и над 81 процент кај придонесите, заклучно со октомври, ја покажува одличната соработка на двете институции, што резултира со стабилни јавни финансии и развој на економијата, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Управата за јавни приходи и Денот на даночните работници Свети Матеј.

-Современата технолошка револуција ја притиска и Даночната управа да прави брзи промени, за да може да се прилагоди на смарт и дигитално општество, во кое сме веќе влезени. Дигиталната експанзија не нѐ одминува. Управата веќе прави анализи врз основа на big data. Како човек кој верува дека технологијата може да реши многу проблеми, верувам дека со понатамошно усовршување, можеме да станеме и поефикасни и поефективни. 'Секогаш можеме и подобро' е моето мото, за што се согласуваме со директорката на УЈП и ќе работиме на тоа со здружени сили-посочи Ангеловска.

Управата за јавни приходи интензивно се дигитализира. Повеќе од 95 проценти од данокот на личен доход го администрира исплатувачот, што го олеснува работењето на УЈП, ја зголемува контролата и ослободува ресурси. Претпополнетата даночна пријава за данок на личен доход, што успешно беше воведена оваа година е значајна и од аспект на укинувањето на хартиените даночни пријави. Еколошки ефект, но истовремено и големо олеснување за компаниите ќе значи и најавеното укинување на сметкопотврдата како документ за користење на правото на одбивка на ДДВ до 6.000 денари.

-Овде сакам да најавам натамошен чекор кон електронското сметководство и придонес кон бесхартиената околина со воведување на електронската фактура. И сега постои законска можност за примена на е-фактура. Министерството за финансии веќе работи на операционализација на оваа новина. Тоа ќе биде уште еден голем предизвик пред даночната администрација, Министерството за финансии и Владата. Но, тоа е предизвик со кој вреди да се соочиме - укажа министерката за финансии.

Нагласувајќи дека без висококвалификуван човечки капитал, знаење и нови технологии не е можен напредок во ниедна, а камо ли во чувствителната сфера на оданочувањето, Ангеловска кажа дека Управата за јавни приходи ја има целосната поддршка на Министерството за финансии во процесот на внесување нова клима во работењето на даночната администрација, која подразбира квалитетно и транспарентно работење и одговорност за резултатите.

-Државата мора да ја подготви својата даночна администрација за времето што доаѓа. Дигиталните номади, ако решат да платат данок во Македонија затоа што им одговара даночниот товар, сигурно тоа нема да го прават доаѓајќи на шалтер. Од друга страна, ги имате традиционалните плаќачи на данок, чиј даночен морал можеме да го зајакнеме со поедноставување и намалување на даночните постапки, подобри даночните услуги и пред сё ако ги увериме дека ефикасно и ефективно управуваме со средствата што ги плаќаат. Затоа транспаретноста не е само збор во програмата на Владата туку е одраз на решеноста да им покажеме на граѓаните и на компаниите дека ништо не сакаме да скриеме - рече министерката Ангеловска.

Министерството за финансии овозможи јавен увид во трансакциите на буџетските корисници со алатките за реализација на капиталните инвестиции во Буџетот и со Платформата Отворени финансии, зголемувајќи ја транспарентноста. Дигитализацијата и новите технологии значат и соголување на сите чинители на фискалниот систем, нивно отварање за анализа, за критики и за конкретни постапки ако работењето не е согласно со законот.

-Но, само дигитализацијата и воведувањето на технологија без визија не може да ги даде целосните ефекти. Паметено општеството ја искористува моќта и потенцијалот на технологијата да ги направи граѓаните попродуктивни, да ни овозможи да се фокусираме на нашите ресурси и да придонесуваме за активности кои се важни со крајна цел да се подобри здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот и општеството- рече Ангеловска.

Прославата на јубилејот на Управата за јавни приходи оваа година беше под мотото „Приходи, предизвици, партнери", соопшти МФ.

На Борис Џонсон не му дозволиле да гласа без лична карта, самиот тој го вовел овој закон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласањето, вчера беше отстранет од гласачкото место бидејќи заборавил да си ја донесе.

Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече од функцијата во 2022 година по скандалот со локдаун забавите, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна Англија, додека се обидувал да гласа на локалните избори одржани низ Англија.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон гласал за конзервативците, не оспорувајќи дека поранешниот премиер првично не носел лична карта со фотографија.

Во 2022 година, владата на Џонсон воведе барање за лична карта на гласачките места за да се спречи можната изборна измама, а владата тогаш беше жестоко критикувана за потенцијалот да ги обесправи деловите од електоратот.

Претходно, гласачите требаше да го наведат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што првпат гласаат да покажат некаков доказ за идентитет“, рече Џонсон за новите правила од 2021 година.

Минатата година, при првото гласање со спроведување на новите правила, на околу 14.000 луѓе во Англија им била ускратена можноста да гласаат на локалните избори, бидејќи не приложиле лична карта.

Ова е само последниот инцидент во шарената политичка кариера на Џонсон.

Како градоначалник на Лондон, тој еднаш беше оставен да лебди во воздух од зип-лајн, а како премиер беше снимен како се повлекува во голем ладилник додека новинарската екипа бараше интервју.

Анкетата на YouGov покажа дека 14 отсто од Британците сè уште не знаеле, во деновите пред вчерашните избори, дека има правило за задолжително носење лична карта за гласачите.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

притисни ентер