Ангеловска:Со Предлог-буџетот за 2020 година највисоки средства досега за човечки капитал

Со буџетот за 2020 година се инвестираат највисоки средства досега за човечки капитал, односно: здравство, образование и социјална заштита. Министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на Предлог-буџетот за 2020 година.

Ангеловска рече дека вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64% од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година.

Министерката за финансии посочи дека согласно индексот за човечки капитал на Светска банка, нашата земја има резултат од 0,53%, односно помалку во однос на земјите во регионот. Индексот на човечки капитал покажува дека секој млад човек, кој се раѓа, живее и се едуцира во нашата земја, има услови за да испорача само 53% од својот потенцијал, односно од целосниот потенцијал што го има млад човек кој се развива во здрава средина со квалитетно образование и услови за живот.

-За мене, како млад човек кој што се градел, придонесувал и работел во ова општество поразително е тоа што наместо да се подобрувале - долго време столбовите на човечкиот капитал: здравството, образованието и социјалната политика се уназадувале. Во оваа насока, Буџетот за 2020 година го насочивме кон луѓето и кон подобрување на условите во кои што луѓето ќе можат да исполнат што повеќе од својот потенцијал – рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека во 2020 за 9% се зголемува буџетот за здравствена заштита кој ќе изнесува 33,7 милијарди денари. Средствата за здравствена заштита се наменети за финансирање на здравствените услуги и превземените мерки во оваа област како зголемување на капитацијата, достапност на лековите во текот на целиот месец, зголемување на надоместоците на специјалистите, како и за зголемување на платите на медицинскиот кадар во јавните здраствени установи.

-Човечкиот капитал во болниците, лекарите и здравствените работници, мора да бидат мотивирани за да работат и да не размислуваат за заминување во странство. Нам ни треба високостручниот кадар во секоја болница. Размислуваме постојано за подобрување на условите во болниците и за изградба на нови. Зашто мора да инвестираме во пристојни, и модерни, услови за лекување. Одвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството – рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека предуслов за квалитетни идни генерации, е квалитетното образование. Наставниците го помагаат обликувањето на учениците од најраните години, рече Ангеловски и дополни дека како Влада, се одлучни да им покажуваат дека нивниот труд и работа е ценет, затоа за следната година се обезбедени дополнителни средства за повисоки плати.

-Во насока на подобрување на условите во образованието одвоивме и 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции, за реконструкција и изградба на училишни згради, спортски и училишни сали, домови. Ќе отпочне и Проект за реконструкција на студентските домови со КФВ банката, а ќе се продолжи и со реализацијата на Проектот за изградба на фискултурни сали во средните и основните училишта во државата.За првпат годинава, се обезбедија финансиски средства за отпочнување на програма за инклузивно образование – рече Ангеловска.

Таа посочи дека 80% од развојот на мозокот на детето се случува до петгодишна возраст. Тргнувајќи од начелото дека децата имаат право на квалитетно предучилишно згрижување, воспитување и образование, Владата на Република Северна Македонија се залага до 2021 да го зголеми за 50% опфатот на деца од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување. Ангеловска рече дека во 2020 се одвоени 360 милиони денари за изградба на детски градинки и зголемување на постојните капацитети.

Ангеловска истакна дека со обезбедување на соодветно ниво на социјална заштита на најранливите слоеви на населението е од особена важност за постигнување на повисоко ниво на социјална правда.

-Оттука, во буџетот по овој основ планирани се средства во износ од 10,5 милијарди денари, во чии рамки е опфатена веќе започнатата реформа на системот за социјална заштита.И во овој буџет одвојуваме средства за деинституционализација и социјални услуги. Процесот на деинституционализација требаше да извади 180 деца до 18 годишна возраст од институциите, а најголем дел од нив, се веќе сместени во топли домови-рече Ангеловска.

Министерката за финансии истакна дека со Буџетот за 2020 се предвидува и подобрување на стандардот за возрасните лица.

Инаку приходите во Предлог-Буџетот за 2020 година има проектирана приходна страна од 222 милијарди и 300 милиони денари (3 милијарди 615 милиони евра), што претставува раст од 5,6% споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од 5% во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, односно 3 милијарди 898 милиони евра.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3% од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година (2019: 2,5%), согласност со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на сите меѓународни организации.

Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и истиот изнесува 17 милијарди 385 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер