Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените

Според емпириските истражувања, поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. 

Кај развиените економии, вклученоста на жените може да го забрза растот за 10%, додека кај помалку развиените, дури за 30%. Сепак, широкиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд, според вклученоста и валоризацијата, сѐ уште е глобален проблем, кој уште повеќе се продлабочи по пандемијата. Слична е состојбата и во македонската економија. Народната банка е еден од позитивните примери во општеството, каде што учеството на жените на раководни позиции изнесува 70%. Ова беа дел пораките на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која се обрати на панел-дискусијата „Жените инспирираат“, во рамки на програмата организирана во чест на првите дами на Австрија и на Македонија.

Говорејќи за родовата нееднаквост во светски рамки, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека кризните епизоди со кои се соочивме изминатите неколку години диспропорционално повеќе ги погодија жените од мажите. „Ова јасно се согледува преку фактот дека само во првата пандемична година, околу 54 милиони жени во светот излегоа од пазарот на трудот, а се проценува дека 90% од нив, на трајна основа. Со тоа стапката на активност на жените се намали на 47%, така што уште повеќе се продлабочи разликата со стапката на активност на мажите, која е над 70%. Ова значи дека само помалку од половина од работоспособното женско население работи или бара работа, односно е ставено во функција на раст на економиите“, посочува гувернерката.

Понатаму во својата дискусија, гувернерката се осврна на македонската економија, која исто така се соочува со предизвици поврзани со родовата нееднаквост. Само околу 45% од жените се активни на пазарот на трудот, а присутна е и сегрегација кај раководните позиции со значително помала застапеност на жените, што доведува и до јаз во платите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска вели дека општеството има и повеќе добри примери. Во овој контекст, истакна дека угледната британска експертска група ОМФИФ, чиј индекс го мери учеството на жените во раководните тела на институцијата, ја рангира Народната банка како прва во светот во централнобанкарската заедница според родова еднаквост.

На панел-дискусијата модерирана од директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, покрај гувернерката и првите дами, Елизабета Ѓорѓиевска и Дорис Шмидауер, учествуваа и успешни жени од земјава, претставнички од областа на политиката, деловниот и граѓанскиот сектор, културата и од други области, на која се презентираа нивните досегашни постигнувања, соопшти Народна банка.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер