Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светска банка - Канал 5

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светска банка

За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светска банка

Економијата постепено закрепнува од шоковите, а нивото на доход изнесува околу 42 проценти од европското. За побрза доходовна конвергенција и за намалување на овој јаз важни се структурните реформи со кои ќе се зголеми потенцијалот за раст којшто во изминативе две декади во регионот на Западен Балкан, вклучително и во нашата економија, е речиси преполовен. А потенцијалот за раст може да се зголеми само преку вложување во човечки капитал, каде што значаен предизвик е емиграцијата, преку вложување во физичкиот капитал којшто во моментов изнесува околу 30 проценти од европскиот просек и преку зголемување на продуктивноста којашто е околу 50 проценти од европската. Ова го истакнала гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска на Конференцијата во организација на Канцеларијата на Светската банка на која била презентирана студијата „Кон повисоки достигнувања: Патот до повисок доход во Европа и Централна Азија“.

-Во однос на физичкиот капитал, за да се зголеми нивото на приватниот и јавниот капитал, важно е да се засилат домашните, а уште повеќе странските инвестиции, што ќе обезбеди не само нов капитал, туку и нови знаења, менаџерски вештини, напредна технологија. Во овој контекст, добро е што се засилува јавниот инфраструктурен циклус и што значително забрзуваат странските директни инвестиции коишто минатата година достигнаа едно од историски највисоките нивоа (7,1 проценти од БДП) и покрај зголемените геополитички тензии и трговски препреки, посочила гувернерката.

За зголемување на продуктивноста особено е важно во фокусот да се стават иновациите и технолошкиот развој. Во овој контекст и согласно надлежностите, Народната банка постојано презема чекори за иновации во финансискиот сектор.

-Во изминатиов период создадовме Центар за иновации којшто поддржува компании подготвени да вложуваат во иновативни финансиски активности. Беше донесена Првата национална стратегија за финтек и беше подготвена регулативната рамка за извршување на плаќањата, што ни го отвори патот кон членството во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Тоа ќе овозможи голем број придобивки за нашата економија, вклучително и поиновативни бизнис-модели и конкуренција во финансиската индустрија, потенцираше Ангеловска-Бежоска, нагласувајќи и дека примената на дигиталните технологии има потенцијал да ја зголеми продуктивноста и да ублажи дел од структурните пречки за економскиот раст.

На Конференцијата се обратиле и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи и Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во земјава, главниот економист на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија, Иваjло Изворски. На панел-дискусијата на која учествувала гувернерката Ангеловска-Бежоска се обратиле и Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, како и Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава.

Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер.

Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење.

Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Актерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица.

Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи.

Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите.

Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Дали фудбалерите навистина вредат толку многу? 

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот.

Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид.

Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра.

Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл.

Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано.

Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери.

Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона.

Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи.

Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц.

Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра.

Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид.

Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо.

Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера.

Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери.

На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони.

Трансфери над 100 милиони евра:

1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ)

2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ)

3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул)

4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи)

5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити)

6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид)

7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул)

8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи)

9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона)

10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона)

11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити)

12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи)

13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид)

14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи)

15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус)

16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем)

17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед)

18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона)

19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид)

20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид)

21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер