Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана

Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција.

Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Централната банка на Албанија и Асоцијацијата на финансиски институции на Албанија, а на којашто присуствуваше и вицегувернерот Фадил Бајрами. Панел-дискусијата на која учествуваа и гувернерот на Албанија, гувернерот на Косово и вицегувернерот од Црна Гора, ја водеше Пол Томсен, поранешен директор на Одделот за Европа на Меѓународниот монетарен фонд.

Доходовната конвергенција во регионот, од 2019 година па досега, забрза просечно за околу 2,6 п.п., што е значително побавно во споредба со периодот пред глобалната финансиска криза. Сегашното нивото на доходот во регионот и натаму е ниско и изнесува околу 42% од доходот во ЕУ. Причините за бавната конвергенција се главно структурни и можат да се поврзат со трите долгорочни фактори за раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста. Оттаму, забрзувањето на конвергенцијата наметнува потреба од забрзување на структурните реформи, процес којшто е скап и за кој се потребни соодветни извори на финансирање.

Во овој контекст, од голема важност е што банкарскиот систем добро се справи со претходните шокови и успеа да го зајакне својот капацитет за обезбедување соодветна финансиска поддршка за раст на економијата. Кај нас адекватноста на капиталот оствари највисок раст во регионот и е највисока во последните две декади, ликвидноста традиционално е на високо ниво, а квалитетот на кредитното портфолио е значително подобар во однос на претпандемичниот период. Сепак, се очекува натамошно зголемување на степенот на финансиско посредување, но и негово унапредување преку поголема дигитализација. Значаен исчекор кон оваа цел може да биде и членството во Единствената област за плаќање во евра СЕПА, со што нашиот систем ќе биде поинтегриран во европскиот платежен систем, обезбедувајќи бројни придобивки за граѓаните и компаниите.

Кабинет на гувернерот

Ги скршиле украсите за елка и од нив излегле стотици мравки: Отклучен е нов страв (ВИДЕО)

Американската тиктокерка Ем Пис се подготвувала да украси елка, но кога ги извадила украсните топчиња од кутијата, слушнала необични звуци.

„Морав да откријам што има внатре“, рекла таа, а потоа во видеото покажала како со стап скршила една топка, а од неа излегле мравки. „Погледнете ги мравките кои излегуваат, ова беше страшно“, рече таа во видеото кое собра 423.000 прегледи.

@empease7 PSA: If you stored ornaments in a cardboard box, give them a good shake outside before decorating inside. #christmas #ornaments #nightmarebeforechristmas #ants #ornamentsmash #fyp ♬ We Wish You a Merry Christmas (Glockenspiel Version) - Musik Bayi ID

Бројни тиктокери реагираа под видеото и го коментираа нејзиното ужасно откритие.

„Ова беше многу полошо отколку што мислев“, „Отклучен е нов страв“, „Не знам што очекував, но дефинитивно не беше ова“, „Некој да ми каже дека ова е вештачка интелигенција“, „Не ќе можам да ја заборавам оваа глетка“ и „Очекував две или три мртви бубачки, а не милион живи“, напишаа тие.

Еден тиктокер ја прашал каде ги чувала топчињата, а таа му напишала: „Кутијата беше во мојата гаража, на горната полица“, а потоа ѝ одговори: „Затоа во моментов ѝ помагам на мајка ми да ги замени сите картонски кутии со пластични“.

Мексико не сака да ги прифати депортираните мигранти од САД, кои се од други земји

Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на илегални имигранти од САД.

Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на илегални имигранти од САД, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.

Трамп вети дека ќе ги депортира мигрантите кои нелегално живеат во САД, а неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека ќе депортира еден милион луѓе годишно.

Мексико е клучна алка во американската имиграциска политика во последниве години, прифаќајќи имигранти од земји како Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела кои биле депортирани од САД.

Сложените дипломатски односи што ги имаат САД со некои од овие земји го отежнуваат депортирањето на мигрантите од овие националности директно во нивните земји на потекло.

„Се надеваме дека ќе постигнеме договор со администрацијата на Трамп, така што, во случај да се случат овие масовни депортации, тие да испраќаат луѓе од други земји директно во нивните земји на потекло“, рече Шејнбаум на прес-конференција.

Мексико „стои во солидарност со сите, но неговата главна цел е да им посака добредојде на Мексиканците“, рече таа.

Ријана рекламира празнична долна облека, сите подзинаа: Проклето добро (ФОТО)

Ријана повторно воодушеви.

Откако блесна на Британските модни награди, таа сега ја подигна целта уште повисоко - појавувајќи се во новата кампања за нејзината колекција Savage X Fenty.

Во кампањата за колекцијата Starlet Nights, Ријана носи градник, корсет, гаќички и чорапи од колекцијата во топла кафена нијанса наречена „Rum Wine Brown“. Сè изгледа гламурозно и заводливо, каков што е нејзиниот стил.

Оваа колекција комбинира класични кроеви долна облека со тантела и сјајни детали и е дел од пошироката празнична понуда која вклучува и колекции како On the Prowl, Viva La Diva и Chain Reactions.

Реакциите на фановите се повеќе од позитивни. Коментарите се слеваа од сите страни: „Таа е толку секси“, „Јас сум без зборови“, „Никој не го прави тоа како неа“, „Проклето добро“, се само некои од нив.

притисни ентер