Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
2Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
3Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаАнгеловска-Бежоска:Квалитетните и јавно достапни статистички податоци се предуслов за напредокКвалитетните и јавно достапни статистички податоци се предуслов за економски напредок и алатка во битката со дезинформациите.„Народната банка обезбедува квалитетни, детални и навремени податоци коишто веродостојно и објективно ги преставуваат финансиските и макроекономските состојби и трендови во економијата. Добрата статистика е предуслов за донесување одлуки и политики засновани на докази, вклучително и за централната банка во водењето ефективна монетарна и финансиска политика, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста, а со тоа и на довербата во Народната банка. Како што еволуираат економиите, мора да еволуираат и статистиките, оттука унапредувањето на статистиките е постојан процес“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во обраќањето на Националната конвенција за Европската Унија во нашата земја (НКЕУ-МК), којашто ја одржа четвртата сесија од Работната група 6, за поглавјата 5 − Јавни набавки, 18 − Статистика и 32 − Финансиска контрола. „Анкетата за корисниците спроведена од Народната банка покажа дека 86% од корисниците на статистичките податоци покажуваат висок степен на задоволство од квалитетот на податоците коишто ги произведува централната банка, додека 78% сметаат дека статистичките соопштенија им се секогаш, односно најчесто корисни и им помагаат во толкувањето на податоците и анализата на позначајните движења во статистиките“, истакна Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека основната водилка на Народната банка е примената на најдобрите светски практики во областа на статистиката и високото ниво на усогласеност со најновите меѓународни и европски барања. Во 2019 година, Народната банка, со нашиот статистички систем го исполни највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) − СДДС плус, како втора централна банка од земјите во Југоисточна Европа и прва од земјите во регионот на Западен Балкан, што е потврда за почитувањето на најдобрите стандарди за квалитет, интегритет и транспарентност. „Народната банка успешно го заокружи пристапувањето кон стандардот за дисеминација на податоци на ММФ − СДДС плус, што е едно од најголемите статистички достигнувања, што наметнува обврска за редовно и навремено доставување детални статистички податоци, со квалитет и во обем коишто може да ги следат само земјите со високоразвиени системи на производство на статистички податоци. Ова е особено значајно за согледувањата кај домашните и странските инвеститори, агенциите за кредитен рејтинг (цената на задолжувањата на меѓународните финансиски пазари), меѓународните и европските институции“, порача Ангеловска-Бежоска. Гувернерката посочи дека Народната банка веднаш им одговори и на новите меѓународни статистички барања, коишто произлегоа по корона-кризата и последователните шокови, со објавување прегледи за зелените показатели коишто опфаќаат податоци за животната средина и енергијата, климатските ризици и зелените финансии. Веќе две години се објавуваат податоци за плаќањата според родовата и возрасната структура на населението, придонесувајќи кон финансиската вклученост на жените, а постојано работи и на подобрувањето на транспарентноста, со што се зајакна довербата во централната банка и во најтешките кризни моменти. На сесијата, покрај гувернерката се обратија и националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење, Милева Ѓуровска, понатаму Гонце Јаковлевска од Македонскиот центар за меѓународна соработка, в.д. директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков, како и Емилија Сичикова-Беблава, директорка на Институтот за јавни политики на Факултетот за социјални и економски науки при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и Мојмир Мрак, професор и раководител на катедрата Жан Моне на Академската единица за пари и финансии при Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Народна банкаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16