Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија
1Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија
3Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од Катовице
МакедонијаАнгелов вели ДЗС е подготвена за справување со пожарите, апел до пилотите да се пријават во дирекцијата Поради жештините кои дојдоа уште во јуни стигна и опасноста од пожарите, порано од очекувањата, велат надлежните..Од ДЗС, соопштија дека во првите три дена од јули биле регистрирани 43 пожари на отворен простор, а во јуни над 300. Во моментов има пет активни пожари – во Прилеп кај селото Бешиште, кај бродското село Црешнево, и во Старо Нагоричане и на патот кон селото Радуша.во битката со пожарите клучлна е воздушната пшоддршка од ер тракторите, од кои во моментов два се во функција а еден е се уште на сервис.. пред два дена беше склучен договор со двајца пензионирани пилоти, и во моментов на располагање се тројца, што е недоволно. заатоа директорот на дзс Ангелов ги повика сите кои имаат искуство во летање, да се обратат до Дирекцијата, за да ја добијат соодветната обука и конченоп веке од селдната година бројот на пилоти да се зголеми двојно. Поправката на ер тракторите чини околу 900.000 евра, па токму поради тоа, идејата е кажа Ангелов, леталата во иднина да се сервисираат во земјава. Инаку, во текот на вчерашниот ден, 45-годишен радовишанец бил лишен од слобода, затоа што користејќи апарат за заварување, предизвикал пожар кој молскавично се проширил и зафатил нискостеблеста шума. Запознаен бил и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линијаИ покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија и бараат уставни измени.Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени. Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така. Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара. Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство. Ги прашуваме СДС и Филипче, уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината? Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМДенес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“. Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата. „Денес сме собрани не само за да изгласаме документ. Туку да одлучиме дали СДСМ ќе стане тоа што отсекогаш требало да биде: совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек и политичка храброст во моменти кога таа е најпотребна. Денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет. Тој завет почнува од трудот. Од работникот што станува рано, а легнува со страв. Од жената што работи две смени секој ден, едната за плата, другата дома без никакво признание. Од младиот човек што учи, дипломира и пак не знае каде ќе заврши додека мечтае да отпатува во еден правец. Од земјоделецот што ја знае цената на секоја капка пот, а не ја знае цената по која ќе му го откупат родот. Од малиот стопанственик што плаќа сè додека големите бизниси наоѓаат дупки во системот. Од пензионерот што не бара луксуз, туку едноставно сака мир“, рече Филипче. Во воведното обраќање пред членовите на СДСМ и коалицијата, пред сестринските социјалдемократски и прогресивни партии од Европа и регионот, и пред другите присутни гости, Филипче порача дека вистинската социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот на граѓаните. „По висината на платата, по правото на лекување, по квалитетот на училиштето, по достоинството на пензионерот, по сигурноста на работникот, по шансата на младиот човек да остане дома не од инает, туку од надеж. Таа не верува во милостина, туку во праведност. Социјалдемократијата значи траен систем што му овозможува на секој чесен човек да живее од својот труд. Тоа е и духот во кој европските социјалдемократски партии ги дефинираат своите вредности: демократија, слобода, еднаквост, солидарност и правда“, рече Филипче. Тој додаде дека Социјалдемократијата никогаш не била само партиска боја, ниту изборен украс, ниту пак збор што убаво звучи во кампања. Социјалдемократијата е длабоко човечка идеја. „Таа почнува од едно едноставно, но големо убедување: дека државата не постои за силните да станат уште посилни, туку за послабите да не останат сами. Дека слободата без еднаква шанса е привилегија. Дека пазарот без правила станува џунгла. Дека профитот без одговорност станува алчност. Дека патриотизмот без грижа за обичниот човек е само мачкање очи“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 07.06.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАндоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци11:34Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаНиколоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од КатовицеВоведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од Катовице. Растот на македонските аеродроми од 31 % е најголем во регионот.Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројката од 3,5 милиони патници на годишно ниво. “ Овие две нови линии ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои што доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои што ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот. Утрово слета првиот лет од Вроцлав од Полска, целосна нова дестинација која што никогаш претходно не оперирала во Македонија, а на 9 јуни во вторник ќе слета и првиот лет од Катовице исто така од Полска. Охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска, отвараме две значајни рути кои што ќе значат дека полските туристите можат да го посетуваат Охридскиот регион, да го посетуваат Охрид, Струга, Дебарца, локалните економии овде да растат и туризмот да расте, но исто така овие летови не се само туристички, овие летови не се само сезонски, тие треба да донесат дополнителна вредност на целиот овој регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела повторно почнува да лета дестинацијата Белград-Охрид и Истанбул-Охрид, тогаш веќе приказната се заокружува. Бројките се одлични, бројките се, би рекол неочекувани”- истакна вицепрeмиерот Николоски. Тој се заблагодари на одличната соработка со ТАВ и пратениците во Собранието кои имаат свој придонес во реализација на владините политики за развој на авиосообраќајот и додаде дека нова цел е бројот на патници да надмине 4 милиони годишно. “ Имаме далеку фантастични бројки, а тоа е дека во периодот јануари-мај оваа година, споредено со 2025 година, имаме раст од 31,2%, што не можете да го најдете на ниедни други два аеродроми. Тоа е доста сериозен раст, а ако споредиме дека минатата година имавме исто така доста сериозен раст, затоа што прв пат Македонија помина 3 милиони патници, тоа е една додадена вредност. Jaс минатата година реков дека е добро да се бориме во следните две до три години да стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници, но со ова темпо ние оваа година ќе стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници и ќе си поставиме нова цел, тоа е за неколку години да стигнеме и до 4 милиони патници, што мислам дека е врв за нашите два аеродроми имајќи предвид дека државата е од милиони и 800 илјади жители и бројот на патници далеку ќе го надмине бројот на жители” – истакна вицепремиерот Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook