РакометАнгелов уште две сезони во Вардар Ракометниот голман Петар Ангелов, го продолжи договорот за соработка со екипата на Вардар за уште две сезони, со што тој во таборот на „црвено-црните“ треба да остане до јуни 2017 година.Управата на македонскиот вицепрвак задоволна од настапите и формата на Ангелов му понудија нов договор, што на заедничко задоволство беше прифатен. Македонскиот репрезентативец во Вардар дојде лани, и беше дел од големите клупски успеси, освојувањето на СЕХА лигата, Купот на Македонија и четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сезонава, Вардар веќе обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи во ЛШ, а Ангелов беше дел од голманското трио што бранеше на натпреварите. - Среќни сме што во екипата имаме професионалец како Ангелов, кој со своето залагање и однесување на тренинзите и натпреварите претставува вистински пример, и идол на идните генерации. Неговото останување во Вардар ја потврдува амбицијата на клубот да ги задржи сите квалитетни играчи кои можат да придонесат кон остварување на зацртаните цели, изјави Давор Стојаноски, директорот на РК Вардар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook