Двајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смрт
2Двајца хирурзи ручале во близина на плоштадот во Краков - едниот го спасил херојот полицаец од сигурна смрт
3Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
МакедонијаАнгелов: Пожарот ги зафати објектите на Ф - ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Исправка: пожарот ги зафати објектите на Ф - ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Фирмата НУЛА ОТПАД нема објекти овде и нејзини објекти не се зафатени со пожар, стои во кратката исправка од директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар. -Денеска попладне изби тежок пожар во фирмата „Ф-Групација“, која се занимава со електронски отпад. Има два погони во скопското село Трубарево, кои беа зафатени од огнот. Исто така имаше поголема количина на пластика, кои даваа густ и црн, а верувам и токсичен чад. Веднаш до нивните објекти се наоѓаат уште два објекти, во кои има поголема количина пластичен отпад и кои делумно се зафатени од пожарот. Нема повредени лица, рече Ангелов. Нивна првенствена цел, како што истакна, е да не се дозволи натамошно ширење на пожарот. - Од тие причини сите ресурси кои ги имавме на располагање во Град Скопје итно ги насочивме кон овој голем пожар. На терен се наоѓаат најголем дел од противпожарните возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три БТР, еден хермелин, а цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден ер трактор на ДЗС, кои со прецизно фрлање на водата и со специјална пена за гаснење на вакви тешки пожари, помагаат да се намали горењето и не дозволуваат ширење на огнот, нагласи Ангелов. Тој иинформира дека побарале помош и од соседните противпожарни единици и очекуваат дополнителен број на противпожарни камиони кои ќе помогнат во смена на веќе изморените пожарникари, кои дел се во овој густ црн чад со специјални заштитни маски и боци кислород за дишење. Според него, од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар. Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански воен авион нападна трговски брод во близина на Иран (ВИДЕО)Американската војска нападна и онеспособи трговски брод во Оманскиот Залив откако неговиот екипаж, според американската војска, ги игнорирал повторените предупредувања и се обидел да ја пробие поморската блокада на Иран.Нападот се случил вчера, а Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека воен авион го погодил крмата на товарниот брод M/V Huda, кој плови под знамето на Свети Китс и Невис, со прецизни ракети. Му наредиле на екипажот да го напушти делот од бродот и отвориле оган Според соопштението од CENTCOM, бродот претходно се закотвил во иранско пристаниште, а потоа се обидел да ги напушти регионалните води. Американските сили тврдат дека екипажот постојано ги игнорирал предупредувањата и се обидел да ја пробие блокадата. Пред нападот, американската војска им наредила на членовите на екипажот да се оддалечат од деловите на бродот што ќе бидат погодени. После тоа, воен авион отворил оган и го онеспособил бродот. Американската војска објави и видео од нападот. Засега не е познато дали има повредени меѓу членовите на екипажот или вкупната штета на бродот. Американците тврдат дека веќе онеспособиле пет трговски бродови Нападот е дел од американската поморска блокада на Иран, која е во сила од јули. Вашингтон се стреми да го ограничи извозот на нафта од Иран и другата поморска трговија со блокадата. ЦЕНТКОМ тврди дека американските сили пренасочиле 147 трговски бродови чии екипажи ги почитувале нивните наредби од јули, додека онеспособиле пет бродови кои одбиле да ги послушаат предупредувањата. Американската војска, исто така, тврди дека уништила десет ирански танкери поврзани со мрежа за транспорт на нафта контролирана од иранската Револуционерна гарда. Според американските проценки, блокадата досега го спречила Иран да извезува сурова нафта во вредност од повеќе од 25 милијарди долари. CENTCOM forces disabled a commercial vessel in the Gulf of Oman, Nov. 7, after the ship’s civilian crew ignored repeated warnings and attempted to violate the naval blockade against Iran multiple times. A U.S. military aircraft fired precision munitions at the stern of St. Kitts-flagged M/V Huda, disabling the ship after CENTCOM forces directed the crew to abandon targeted spaces. The cargo vessel tried to depart regional waters after visiting an Iranian port. Read the full release online: https://t.co/5wW1LqN1oW — U.S. Central Command (@CENTCOM) November 7, 2026 Нападот доаѓа еден ден по новите американски напади врз Иран Новиот инцидент се случил во време кога односите меѓу Вашингтон и Техеран повторно беа затегнати. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди во петокот дека американските сили извршиле нови ограничени напади врз Иран, насочени кон системот за воздушна одбрана на Иран. Во последните недели, Трамп постојано се закануваше со нова голема воена операција против Иран, додека Техеран предупреди дека може да одговори на американските напади со напади врз инфраструктурата во земјите од Персискиот Залив. Вчера, американската војска објави формирање на специјална единица која ќе се обиде да спречи транспорт на напредно оружје, технологија со двојна употреба и стоки под санкции преку копнените граници на Иран и Каспиското Езеро. Тензиите дополнително се зголемуваат поради инцидентите во Ормутскиот теснец, еден од најважните поморски премини за светската трговија со нафта. Иранската револуционерна гарда вчера објави дека два танкери наишле на мини откако, според нејзините тврдења, пловеле по нелегални патишта. Овие тврдења сè уште не се независно потврдени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотОсумгодишно дете во програма во живо го нарече Макрон кретен, јавниот сервис се извини Осумгодишно момче кое било со својот татко на протестите во Париз, во пренос во живо на францускиот јавен радио сервис изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон е „кретен“, за што раководството на медиумот денеска се извини.Таткото на детето претходно му рекол на новинар кој вчера бил на улица и ги следел протестите во живо за Франс Инфо дека дошол на протестната прошетка со својот син „главно поради средношколците и студентите“, објавува Ле Фигаро. Тој рекол дека се надева оти владата ќе биде повнимателна кон барањата на студентите. „Единствениот што не слуша е Макрон. Макрон, мора да ги слушаш младите луѓе, тоа е најважното нешто“, рекол таткото на момчето, кој отворено ја изразил својата желба францускиот претседател да се повлече од таа позиција „што е можно поскоро“. Потоа на едно осумгодишно момче му била дадена можност да ги изнесе своите причини за учество во протестот во микрофонот, велејќи дека мисли дека „Макрон е кретен, како сите тие лоши полицајци“. Кога новинарот се обиде да ја смири ситуацијата, сугерирајќи дека можеби во емисијата во живо „не треба да се користат пцовки“, момчето продолжи да зборува, а неговите реченици беа нагласени со навреди упатени кон францускиот претседател. Таткото на момчето ја заврши дискусијата велејќи дека „нема што повеќе да каже“ на новинарот. По реакцијата за вклучувањето на осумгодишно дете во живо во емисијата за да коментира за протестите, новинскиот канал Франс Инфо денес издаде извинување. „Раководството на Франс Инфо жали што детето даде навредливи коментари во живо за време на демонстрациите. Иако водителот одговори на овие коментари, не ни беше дозволено да му дадеме простор на детето. Упатствата во овој поглед беа повторени“, се вели во соопштението. Демонстрациите во Париз и низ цела Франција се одржаа вчера, четврти викенд по ред, поради високите трошоци за живот, падот на куповната моќ на граѓаните и барањата за реформи и поголеми инвестиции во образовниот систем. Според проценките на синдикатите, околу 75.000 луѓе учествуваа на протестниот марш во Париз, додека низ целата земја на улиците имаше помеѓу 146.000 и 250.000 демонстранти.Тагови: дете Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАнанас на каросерија на БМВ- посветено е на почината тркачка легенда (ВИДЕО)На прв поглед, ананасот на каросеријата на спортски BMW изгледа како необичен украс, но на овој автомобил има посебно значење.На прв поглед, ананасот на каросеријата на спортски БМВ изгледа како необичен украс, но на овој автомобил има посебно значење: тој е личен симбол на среќа за Алекс Занарди, на кого BMW Italia му посвети уникатен M3 Competition по повод неговиот 60-ти роденден. Автомобилот наречен M3 Tribute to Alex Zanardi е создаден во соработка со италијанското дизајнерско студио BorromeoDeSilva. Посветен е на возач чија решителност и оптимизам оставија трага надвор од светот на автомобилските трки. BMW Italia го избра актуелниот M3 Competition од генерацијата G80 како основа за овој автомобил, а партнерите Алкантара и Бефуел учествуваа во реализацијата на проектот. View this post on Instagram A post shared by BMW Italia (@bmwitalia) Ананасот како симбол на оптимизам Каросеријата е украсена со посебна интерпретација на препознатливите тркачки бои на М дивизијата на BMW, инспирирани од изгледот на неговите натпреварувачки автомобили низ историјата. Студиото BorromeoDeSilva го вклучи мотивот на ананас во графиката како знак на оптимизмот и решителноста на Занарди со кои се соочи со навидум непремостливи предизвици. Динамичните линии и деталите во боја го поврзуваат тркачкото наследство на BMW M со животната приказна на Занарди. Внатрешност инспирирана од моделот M3 E30 Sport Evolution Специјалните детали продолжуваат и во кабината. Седиштата се тапацирани со антрацит алкантара со ласерски перфорирани делови. Под нив се наоѓа основа што тече во боја, создавајќи постепени транзиции инспирирани од традиционалните бои на BMW M - сина, виолетова и црвена. Истиот мотив се повторува на облогите на вратите, додека целата внатрешна декорација е почит кон моделот M3 E30 Sport Evolution. Лансирањето на автомобилот се совпаѓа и со 40-годишнината од M3. BMW Italia постави трајна спомен-плоча во своето седиште, Куќата на BMW Italia, опишувајќи го Занарди како „најголемиот модел што некогаш сме го имале“. Повеќе од две децении соработка со BMW Соработката на Занарди со BMW започна пред повеќе од две децении. Тој се врати на трките во 2003 година, натпреварувајќи се за BMW Team Italy-Spain на Европскиот шампионат за туристички автомобили. Од 2005 до 2009 година, тој беше официјален возач на BMW Motorsport во Светското првенство за туристички автомобили на FIA, WTCC. Во тој период, тој постигна четири победи, меѓу кои онаа во Ошерслебен во август 2005 година е особено запаметена. Тој ја продолжи својата соработка со BMW со настапи во шампионатот Blancpain Sprint Series, 24 часа Спа-Франкоршамп, DTM и 24 часа Дајтона. Во 2018 година, тој се натпреваруваше во DTM зад воланот на моделот M4 DTM, а во 2019 година во Дајтона го возеше M8 GTE. Четири параолимписки златни медали Успесите на Занарди не беа поврзани само со автомобилизмот. По сериозната несреќа на Лаузицринг во 2001 година, што резултираше со ампутирање на двете нозе, тој се врати на натпреварувањата и имаше исклучителна кариера во возењето велосипед со рачен погон. На Параолимписките игри во Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година, тој освои вкупно четири златни медали, а на тоа додаде и бројни титули на светски шампиони. Важен дел од животот на Занарди беше помагањето на другите. Преку фондацијата Бимбингамба, тој им помагаше на децата со ампутирани екстремитети, додека со проектот Обиетиво3 им овозможи на лицата со попреченост да спортуваат. Тој, исто така, влијаеше на развојот на италијанската програма за општествена одговорност на БМВ, SpecialMente, која промовира вклучување во општеството, образование и поддршка на ранливите групи. Занарди ќе наполнеше 60 години на 23 октомври 2026 година. Почина на 1 мај оваа година. Неговата работа ја продолжува неговиот син Николо Поврзаноста на БМВ со семејството Занарди продолжува преку неговиот син Николо, амбасадор на програмата SpecialMente и инструктор во автошколата Italian Driving Experience на БМВ. Николо, исто така, учествува на курсеви за лица со попреченост, за кои користи специјално адаптиран М2. Како што истакна извршниот директор на BMW Italia, Серџо Солеро, Занарди беше многу повеќе од возач или амбасадор на брендот. Тој ја отелотвори способноста да ги претвори животните неволји во нови можности, а неговиот пример продолжува да инспирира дури и по неговата смрт.Тагови: ананас бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter