Ангелов: Нема активни пожари на територијата на нашата земја, мал пожар има во кај Романовце - Канал 5

Ангелов: Нема активни пожари на територијата на нашата земја, мал пожар има во кај Романовце

Нема активни пожари на територијата на нашата земја, пожарот над селото Дивље е изгаснат но чади на неколку места над беровското село, Владимирово.

Ангелов: Нема активни пожари на територијата на нашата земја, мал пожар има во кај Романовце

Ова за Канал 5 го изјави директорот за управување со кризи Стојанче Ангелов тој утринава правеше обиколка со хеликоптер на местата каде имаше активни пожари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да му помогнеме на Дејан Павловски, татко на две малолетни деца

Дејан Павловски боледува од 12.06.2026 година од тромбоза на порталната вена, панкреатит и асцит. 

Да му помогнеме на Дејан Павловски, татко на две малолетни деца

Зад него се две операции и една интервенција во „Систина“ – реканализација на порталната вена и поставување стент.

Сега Дејан ја очекува следната, животно важна интервенција, за која се потребни 20.000 евра.

Семејството се соочува со огромен финансиски товар и не може само да ги обезбеди потребните средства.

ДЕЈАН ИМА ПОТРЕБА ОД НАС!

Донирајте на 143 475 преку A1!

Еден повик, една донација, едно споделување – надеж за Дејан!

Заедно да му дадеме шанса да се врати кај своите малолетни деца и семејството, објавија од семејството на социјалните мрежи.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките

Полифенолите од боровинки и брусница би можеле да го забават стареењето на клетките и развојот на фиброза, или замената на здравото ткиво со ткиво слично на лузни.

Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките

Полифенолите од боровинки и брусница би можеле да го забават стареењето на клетките и развојот на фиброза, или замената на здравото ткиво со ткиво слично на лузни, според истражувањето на научниците од Државниот универзитет во Сургут и Националниот центар за биотехнологија на Казахстан.

Според директорката на Медицинскиот институт на Универзитетот во Сургут, Људмила Коваленко, ефектот на полифенолите врз забавувањето на стареењето на клетките бил најизразен кај боровинките, објави РИА Новости.

Истражувачите анализирале бобинки одгледувани во регионот Сургут, во северна Русија.

Полифенолите се растителни соединенија кои, покрај тоа што ги штитат растенијата од штетници, болести и ултравиолетово зрачење, имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Научниците утврдиле дека соединенијата од боровинки и брусница имаат потенцијал да ги регулираат процесите на стареење на клетките и развојот на фиброза. Фиброзата вклучува формирање на лузни и може да влијае на белите дробови, црниот дроб, бубрезите, срцето и цревата.

Според Коваленко, истражувањето го покажа потенцијалот на користењето на полифеноли за намалување на ризикот од развој на фиброза и забавување на нејзината прогресија, особено кај белодробната фиброза. Научниците рекоа дека резултатите од истражувањето би можеле да послужат како основа за развој на функционални прехранбени производи и, на долг рок, лекови за третман на фиброза. Истражувањето е спроведено како дел од проектот на Државниот универзитет во Сургут „Биомедицински решенија за персонализирана медицина“ и е објавено во списанието „Биомедицини“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската војска нападна пловен објект во Пацификот- убиени се петмина (ВИДЕО)

Американската војска потврди дека убила пет лица на брод за кој се сомнева дека бил користен за шверц на дрога во воздушен напад во источниот Пацифик. 

Американската војска нападна пловен објект во Пацификот- убиени се петмина (ВИДЕО)

Ова е најновиот во низата слични напади во регионот, објавува „Гардијан“.

Ескалација на воените операции

Нападот извршен во вторникот е еден од повеќе од 70 вакви напади од почетокот на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. Според медиумските извештаи, досега во овие операции загинале повеќе од 240 лица.

Сомнителна легалност

Администрацијата на Трамп тврди дека убиените лица и нивните бродови биле вклучени во шверц. Самиот Трамп изјави дека САД се во вооружен конфликт со латиноамериканските картели и ги оправдува нападите како неопходна мерка за запирање на протокот на дрога во САД.

Сепак, владата не понуди цврсти докази за да ги поткрепи овие тврдења, што покренува прашања за легалноста на ваквите операции.

Правните експерти и групите за човекови права веруваат дека нападите би можеле да се окарактеризираат како вонсудски убиства. Тие истакнуваат дека целите биле цивили кои не претставувале директна закана за САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер