Ангела Меркел за Божиќ на скијање во Швајцарија - Канал 5

Ангела Меркел за Божиќ на скијање во Швајцарија

Германската канцеларка Ангела Меркел Божиќните празници со сопругот Јоахим Зауер ги минува на скијање во Швајцарија.

Ангела Меркел за Божиќ на скијање во Швајцарија
Зимувањето во Швајцарија веќе стана традиција за германската канцеларка, пренесува „Билд“ , потсетувајќи дека Меркел со години отседнува во истиот хотел со 4 ѕвезди во близина на Сент Мориц од каде секое утро оди на скијање.

Пред четири години на една од патеки Меркел доживеа мал пад и ја повреди карлицата поради што повеќе од два месеци морала да се движи со патерици.

Токму поради тој пад во 2017 Меркел не сакала воопшто да застане на скии, туку Божиќниот одмор ги минала во пешачење по Алпите.

Но, Меркел и за време на празниците не ги запоставува своите државнички обврски , во петокот имаше разговор со рускиот претседател Путин за Украина, а во саботата објави заедничка изјава со францускиот претседател Макрон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народот

ВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народот

До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните.

Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери.

И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Мицкоски нема ама баш ништо свое. Сè копира од Вучиќ. Не може да направи ниту една работа без да позајми нешто од кампањата на Вучиќ, неговиот шеф на балканската ОКГ.

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Сега ги промовира мерките на Вучиќ за младите. Вели дека брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ?

Мицкоски рече дека ќе ги замени младите со „економски работници“. Изјави дека треба да увезе уште 100.000.

Зошто сега овие мерки? Дали Мицкоски се подготвува за избори? Чуму овие теми од кампањата на Вучиќ? Чукаат ли на неговата врата истраги од Унгарија и Србија? Кредити, банка, дрога…

Кампањата „Очи в очи“ со граѓаните е уште една работа преземена од Вучиќ. Така работеше и тој пред избори.

Во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија.

Медиумите на Вучиќ сè уште работат. Во Србија РЕМ му ја укина емисијата „Колегиум“ на „Информер“, а во Македонија АВМУ молчи.

Во Србија Алта банка е во стечај, а во Македонија Мицкоски ја спасува насила и ги крие сметките и трансакциите.

Во Србија се планира расформирање на БИА, а во Македонија БИА сè уште е во Владата.

Стоиљковиќ и неговата екипа владеат.

Во Србија ги нема навивачите и хулиганите, а Македонија ја претставува еден од нив – Душан Адамовиќ, почесен конзул и бизнис-партнер за струја и броила.

Во Србија се апсат криминалци, а во Македонија Мицкоски го извади Симо од затвор за да купува гласови во Брвеница.

Пари нема. Тоа е она што сигурно го знаеме. Нови задолжувања за нови криминални тендери. Кога и тоа ќе пресуши, еве ни избори.

Мафијата ќе бара уште четири години за да краде. Тогаш граѓаните ќе знаат дека секој што ќе остане дома, им го дал својот глас.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер