Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР доби 150.000 денари бонус - Канал 5

Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР доби 150.000 денари бонус

Задоволство ни е да Ви ја претставиме Анета Спасојева од Радовиш - првата учесничка во бонус играта „Заврти Еко скутер тркало“  која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина дома со 150.000 денари бонус на нејзината трансакциска

Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР доби 150.000 денари бонус

Со Анета се дружевме во ТВ студиото на Лото 7 откако беше извлечена по електронски пат со помош на генератор во 88 коло. Пред камерите, ни раскажа дека редовно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија, а особено се израдувала на новата Бонус игра „Заврти ЕКОСКУТЕР тркало“ затоа што со недобитните инстант лозови, играчите добиваат втора шанса за добивка.

Ве потсетуваме, „Заврти ЕКОСКУТЕР тркало“ е бонус игра за забава и добивки наменета за сите љубители за инстант лозот Еко скутер.

Се што треба да направите е да се регистрирате/најавите на веб страната на Државна лотарија, www.loto.mk, да го запишете 11 цифрениот сериски број (баркод) кој се наоѓа на задната страна на лозот, но исто така го запишувате и 8 цифрениот контролен број (баркод) кој се наоѓа под полето прекриено со заштитен слој на кое пишува „НЕ ГРЕБИ“.

Можноста за учество веќе започна, а ќе трае заклучно со 23.03.2022 година. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото емисијата, се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50 00 денари.

Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари.

Но, изненадувањата со Државна лотарија никогаш не престануваат. Сите недобитни регистрирани инстант лозови Еко скутер влегуваат во игра за два автомобила БМВ Х1, и тоа со две извлекувања по електронски пат:

Првото извлекување ќе се одржи на 8.01.2022 година, а ќе учествуваат сите лозови кои претходно не биле извлечени за парична добивка од 1-во до 10-то коло.

Второто извлекување за автомобил БМВ Х1 ќе се одржи на 19.03.2022 година. Ќе учествуваат сите регистрирани инстант лозови кои претходно не биле извлечени за парична добивка и тоа од 11-то до 20-то коло.

Ве покануваме на уште една авантура преку www.loto.mk која може да Ве одведе до прекрасен автомобил БМВ Х1. Билет до возбудливата авантура „Заврти ЕКОСКУТЕР тркало“ е недобитен лоз Еко скутер. Воедно, со купување на пакет 5 + 1 Еко скутер, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќата и солидарноста наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.

Повеќе податоци на www.loto.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер