Анемари вели дека изгледа млада и убава зашто немала секс повеќе од 10 години

Таа не е толку стара за да ја нарекуваме баба, но има 4 годишна внука и победи на британскиот избор на најгламурозна баба. Анемари Лик има 54 години и изгледа фантастично. Вели, тајната е во тоа што нема маж покрај себе да и врши притисок, и немала секс повеќе од 13 години.

Анемари се омажила во 1984 година, а се развела во 1988 година. Секогаш била убава, но мажите не и приоѓале, веројатно не знаеле како. Со сопругот со кој била 4 години во брак има 2 ќерки. Тој бил многу љубоморен, и бракот не можел да опстане.

- Поголем дел од животот како возрасна сум сама. Мажите не се на врвот на мојата листа, но би сакала да имам некој да ме изведе навечер, имам толку убава облека - вели Анемари.

И нејзините ќерки не се мажени.

Анемари е среќна што им го свртела грбот на мажите и вели дека ако не се појави вистинскиот - ќе се посвети на манекенството.

За тоа има повторно шанса сега кога победи на изборот за најгламурозна баба од Британија.

- Мојот сопруг од мене беше 7 години постар. Не ми дозволуваше да одам на никаков избор на убавина. Решив дека не ми треба маж и живеам во целибат. 13 години сум немала физички контакти со мажи и мислам дека немањето на тој притисок ме одржа млада и убава - вели самоуверено Анемари./ извор: Дејли меил

Annemarie Leak, with daughter Katarina and four-year-old grandaughter Myah-Christina

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

притисни ентер